Почитувани клиенти,
Ве информираме дека од 04.01.2020 година, лабораториите за калибрација на маса, температура, волумен и проток нема да издаваат сертификати за калибрација со логото на ИАРМ, туку со логото на CIPM MRA, бидејќи имаат впишано и објавено калибрациони и мерни можности (CMCs) во дата базата на Меѓународното Биро за мери и тегови (KCDB BIPM), а Бирото за метрологија е потписник на Меѓународен договор за меѓусебно признавање на сертификатите за калибрација во цел свет.
Лабораторијата за маса, освен калибрација на тегови, врши и калибрација на ваги, метода за која не постои декларирање на калибрациони и мерни можности во KCDB BIPM, но со оглед на фактот дека мерниот опсег и декларираната мерна неодреденост кај вагите најмногу зависи и не може да биде помала од декларираната мерна неодреденост на теговите, кои се користат во методата за калибрација на ваги (според референтниот документ EURAMET cg-18/04), а за тие тегови лабораторијата има објавено и потврдено CMCs, истите го покриваат и опсегот на декларирање на мерна неодреденост и кај вагите.
Калибрационите и мерни можности на овие лаборатории може да ги проверите на: https://www.bipm.org/kcdb/cmc со внесување на името на државата: “North Macedonia”
Останатите лаборатории за калибрација остануваат под Национална акредитација во опсег, дефиниран во прилогот од сертификатот, кој е објавен на нашата web страна: http://www.bom.gov.mk/kalibracija