Бирото за метрологија организира меѓулабораториско споредување на способностите на калибрационите лаборатории за лабораториско стакло.
Почитувани,
Лабораторијата за зафатнина и проток ќе организира меѓулабораториско споредување на способностите на калибрационите лаборатории за лабораториско стакло. Меѓулабораториската споредба предвидува калибрација на трансфер стандард пикнометар со номинална зафатнина 100 mL. Лабораториите кои ќе покажат интерес за учество во споредбата нека се обратат до Бирото за метрологија на емаил адреса: Anastazija.sarevska@bom.gov.mk