Бирото за метрологија организира меѓулабораториска споредба на вага со неавтоматско функционирање
Почитувани,
Ве информираме дека Лабораторијата за маса на Бирото за метрологија ќе организира меѓулабораториска споредба на вага со неавтоматско функционирање. Меѓулабораториската споредба предвидува калибрација на вага со посебна класа на точност од I класа (аналитичка). Лабораториите кои ќе покажат интерес за учество во споредбата, да достават барање до Бирото за метрологија, најдоцна до 20.05.2019 година, а за дополнителни информации можат да се обратат на: bianka.stoilkovska@bom.gov.mk