ВНИМАТЕЛНО ПРОЧИТАЈТЕ ГИ СИТЕ УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ.
Последен пат ажурирано на 11 Септември 2020
Прифаќање на условите за услуга
Овие услови за користење („Услови”) го одредуваат Вашиот пристап и користење на Веб страници, кои сега Ви се достапни под доменот „bom.gov.mk” („Страници”), а се во сопственост и под раководство на Биро за Метрологија („Биро за Метрологија”), како и сите услуги на Бирото за Метрологија, кои Ви се на располагање преку или во соработка со страници, за кои електронски сте аплицирале („Услуги”). Со пристапување или користење на Страниците или Услугите, вие всушност се обврзувате дека ги прифаќате овие Услови. Доколку не ги прифаќате овие Услови, не смеете да пристапувате и да ги користите Страниците или Сервисите. ДОКОЛКУ НЕ СТЕ ЗАДОВОЛНИ СО ОВИЕ УСЛОВИ ИЛИ ПРАВИЛА, СО НАШИТЕ ПОЛИТИКИ, НАСОКИ ИЛИ ПРАКТИКУВАЊА, КОИ СЕ ПРИМЕНУВААТ НА СТРАНИЦИТЕ ИЛИ УСЛУГИТЕ, ВАШЕТО ЕДИНСТВЕНО И ЕКСКЛУЗИВНО ПРАВО Е ДА ПРЕКИНЕТЕ СО НИВНО КОРИСТЕЊЕ. Бирото за Метрологија може во секое време да ги ревидира овие Услови, со ажурирање на овој документ. Користењето на Страниците и Услугите, после вакви ревизии, ќе значи дека се согласувате со ревидираните Услови. Одвреме навреме треба да ја посетувате оваа страница, за да направите преглед на Условите, како и на други направени ревизии.
Возраст
Вашиот пристап или користење на Страниците или Услугите покажува дека Вие гарантирате дека сте на возраст над 18 години или постари и дека припаѓате во онаа правна рамка, која според годините овозможува користење на овие Страници и Услуги во своето место на живеење. НЕ СМЕЕТЕ ДА ПРИСТАПУВАТЕ КОН СТРАНИЦИ ИЛИ ДА ГИ КОРИСТИТЕ УСЛУГИТЕ, ДОКОЛКУ ЈА НЕМАТА ВИСТИНСКАТА ВОЗРАСТ.
Содржина на страницата
Целата прикажана содржина, или на друг начин достапна преку Страници и Услуги, вклучувајќи ги тука без ограничување, информациите, вестите, едиториалите, комуникациите, текстовите, табелите, графиконите, податоците, фотографиите, сликите, графиката, музиката, видеата, звуците, интерфејсот на корисникот, разни карактеристики, апликации, комјутерски софтвер и кодови, односно целата содржина („Содржина на страната”) се заштитени со Македонски или странски авторски права и други закони и е во сопственост на Бирото за Метрологија, давателите на лиценца или клиент, акредитиран како провајдер на Содржина на страната. Треба да се придржувате кон сите авторски права, во врска со информации и ограничувања, кои се достапни или можат да се добијат преку Страниците или Сервисите, во однос на Содржината на страната. Доколку сакате да пристапите кон Содржината на страната само заради свои лични потреби, а функционалноста на Страниците и Сервисите го овозможува тоа, не смеете да копирате, репродуцирате, продавате, лиценцирате, давате под закуп, трансферирате, назначувате, модифицирате, адаптирате, преведувате, преуредувате, публикувате, покажувате, симнувате на домашен компјутер, дистрибуирате, разделувате, размонтирате, подготвувате веќе изведени дела (правење плагијат) и да ре-постирате. Исто така, не смеете Страницата да ја направите достапна за секого или да користите на било каков друг начин, директно или индиректно, било кој дел од Содржината на страницата, во целост или делумно, во било каква форма или со било какво средство, без претходна пишана согласност од страна на Бирото за Метрологија или провајдерот на Содржината на страницата.
Корисничка содржина
Страниците и Услугите можат да Ви обезбедат карактеристики, кои на вас и на другите корисници ќе Ви овозможи да постирате или доставите содржина („Корисничка Содржина”) до или преку Страниците и Услугите, вклучувајќи, без ограничувања пораки, коментари, документи, слики, видео, аудио, софтвер, фајлови или други информации и содржини.
Во Вашата Корисничка Содржина ги задржувате сите сопственички права. Сепак, со постирање или поднесување Корисничка Содржина до или преку Страниците и Услугите Вие одобрувате (доделувате), представувате и гарантирате дека имате право да доделувате, односно одобрувате на Бирото за Метрологија наследници или потписници, постојана и неотповиклива и во светски рамки пренослива, не-ексклузивна, целосно платена, ослободена од авторски хонорар лиценца („Лиценца за Корисничка Содржина”) за да:
а) користите, репродуцирате, сторнирате, прикажувате, јавно прикажувате (изведувате), адаптирате, преведувате, модифицирате, повторно креирате веќе креирани дела, да ги вклучувате во други изведби, да дистрибуирате, откривате други бенефиции од вашата Корисничка Содржина, во сите сегашни познати медиуми или подоцна основани, насекаде во светот, се овозможува;
– достапност до сите Страници и Услуги Вам и на други лица, во согласност со Вашите подесувања на Страниците и Услугите,
– подобрување на можностите, карактеристиките, квалитетот, функционалноста или безбедноста на Бирото за Метрологија или услугите што ги дава, или
– се бара од управувачките или регулаторните власти, судски налог или применлив закон
(б) суб-лиценцирање на трети страни кои оперираат во корист на Бирото за Метрологија.
Користење на било какви лични податоци од страна на Бирото за Метрологија, што представува дел од Корисничката Содржина што Вие ја постирате или поднесувате до или преку Страниците и Услугите, е регулирано според Условите на Политика на приватност на Бирото за Метрологија, која пак е вклучена и е дел од овие Услови.
Во прилог на ова, со постирање или поднесување на Корисничка Содржина до или преку Страниците или Услугите:
(а) Вие се откажувате и гарантирате со Вашето присуство на Страницата дека во писмена форма се имате откажано од било какви морални права на Корисничката Содржина, вклучително, без ограничување, права на атрибуција, права на интегритет и слични други права, во било кое законодавство во светот: и
(б) Вие представувате гаранција дека примената на било кои права, дадени од Ваша страна, во согласност со Лиценцата за Корисничка Содржина, нема да ги прекрши или наруши правата на било кој, вклучувајќи, без ограничување приватни или јавни права, интелектуални сопственички права или други права.
Само Вие и никој друг е одговорен за Корисничката Содржина што Вие ја постирате или доставувате до или преку (на) Страниците или Услугите. Бирото за Метрологија не прави мониторинг, ниту пак ја одобрува Корисничката Содржина, постирана или поднесена до или преку Страниците и Услугите. Бирото за Метрологија, во рамките на својата единствена и непречена дискреција, може да уредува, одстранува или брише било што од Корисничката Содржина, што Вие ја постирате или доставувате до или преку Страниците или Услугите. Бирото за Метрологија не е одговорно и неоправдува било каква Корисничка Содржина, достапна на или преку Страници или Услуги. Под никакви услови, било каква страна, поврзана со Бирото за Метрологија (подолу дефинирано) не може да се смета дека е одговорна, директно или индиректно, за било каква загуба или штета, предизвикана или наводно направена на Вас или било која трета страна, а во врска со Корисничката Содржина, постирана од трета страна на или преку Страниците или Услугите.
Доколку имате сознанија за било каква злоупотреба на Страниците или Услугите, од било кој, Ве молиме веднаш да го контактирате Бирото за Метрологија на: +389 2 24 03 676, +389 2 24 44 677 или на e-mail: bom.gov.mk.
Услуги на трети лица
Услугите, користени од (со кои оперираат) трети лица („Услуги на Трети Лица”) можеби можат да Ви бидат достапни преку Страниците или Услугите. Услуга на Трети Лица, од време на време, вклучува услуги за пораки, мобилни услуги, особености (физиономија), содржина, апликации, софтвер, снабдување со податоци или други понудени услуги на Вас или на трети лица. Услугите на трети лица можат да Ви бидат достапни и на Вас преку линковите на страната, вградени апликации, вградена содржина, апликации инсталирани на Вашиот компјутер или мобилен телефон и други технолошки механизми. Услугите за Трети Лица можат да имаат пристап до информациите на корисничката сметка на Бирото за метрологија, информации за профил, информации за активност, содржина и други информации, поврзани со Вашето користење на Страниците или Услугите и да ги споделуваат Вашите информации со страниците и услугите на трето лице, кое пак е овластено од Ваша страна. Слично на ова, Услугите за Трето Лице (трети лица) можат да ги откријат информациите за корисничката сметка на или преку Корисничките Страници или Услуги, информации за профилот, информации за активности, содржина или други информации поврзани со Услугите на (за) Трето Лице.
Бирото за Метрологија не ги оправдува (поткрепува) Услугите за Трето Лице и не е одговорно за користење, од Ваша страна, на Услугите на (за) Трето Лице ниту пак е одговорно за било какви загуби или штети, произлезени од Вашето користење на Услугите на било кое Трето Лице. Користењето на Услугите на (за) Трето Лице е на Ваш ризик и во согласност со било какви договори што Вие може да ги имате со провајдерите на Услугите за Трето Лице. Бирото за Метрологија не дава изјави или гаранции и ги одбива сите изјави, гаранции или состојби кажани или вклучени, при тоа почитувајќи ги Услугите на Трето Лице, вклучувајќи, без ограничување:
(а) легалност, точност, сеопфатност, сигурност, соодветност, достапност, безбедност, навременост, на било кои Услуги на Трето Лице, или можноста Услугите на Трето Лице да ги задоволи вашите побарувања (потреби) или да Ви обезбеди специфични резултати (исходи);
(б) перформанси, тргување, квалитет, погодност за одредена намена, тивко уживање, неповредување, или наслов за било каква информација, со содржина на материјал, софтвер, стоки и услуги или пак истите да се направат достапни преку било кои Услуги за Трето Лице;
(в) оперирање со било какви Услуги за Трето Лице или обезбедување услови Услугите да бидат непрекинати или без грешки, дефектите или грешките во такви услуги ќе бидат искорегирани или таквите услуги ќе немаат вируси или други штетни компоненти;
(г) собирање, користење, сторнирање, откривање или обезбедување на било какви информации или содржина што вие ја обезбедувате на тие Услуги на Трето Лице.
Повратни информации
Бирото за Метрологија со задоволство ќе ги прифати сите ваши сугестии, коментари и повратни информации, почитувајќи ги Страниците, Содржината на страниците, Услугите и работењето на Бирото за Метрологија. Сепак, со повратни информации до Бирото за Метрологија, Вие се сложувате и гарантирате дека Бирото за Метрологија слободно може да користи повратни информации за било какви намени што сака, дали во корист на Бирото за Метрологија или на било кое друго лице, без никаков надоместок или обврска кон вас или кон било кое друго лице.
Генерална примена на Страниците и Услугите
При Вашето користење на Страниците и Услугите Вие се сложувате да дејствувате одговорно на начин кој демонстрира практикување на добро расудување. Вие се сложувате да не постирате или давате Корисничка Содржина или користење на Страници или Услуги за праќање пораки на други што:
(а) се нелојални, заканувачки, навредливи, клеветнички, плашливи, неприлични, вулгарни, порнографски, богохулни или непристојни, вклучувајќи, без ограничувања, Корисничка Содржина или пораки кои го конституираат или охрабруваат однесувањето што би довело до кривично дело и би дало поттик на подложување на граѓаните на истото или на било каков друг начин прекршување на локален, државен, провинциски, национален или интернационален закон;
(б) прекршуваат или нарушуваат права на било кој, вклучувајќи, без ограничувања, право на приватност, право на рекламирање, интелектуални права на сопственост, (вклучувајќи, без ограничувања, авторски права, патент, деловна тајна, и право на заштитен знак) или други права без претходно да се добие дозвола од страна на оној кој ги поседува правата; (в) промовираат расизам, фанатизам, омраза, или било какво физичко повредување на група или индивидуа, можат да бидат штетни за помладите, да малтретираат или одобруваат малтретирање на друго лице, пораки кои во себе содржат материјал што може, лицата кои се помлади од вообичаената возраст за овие Страници, да ги експлоатираат на сексуален или насилен начин или пак пораки со информации за инструкции за нелегални активности;
(г) делат лозинки, информации за финансии или информации за личен идентитет заради комерцијални или незаконски намени (намери);
(д) содржат или создаваат вируси или други штетни компоненти;
(ѓ) креираат несакана пошта, верижни писма, несакано масовно испраќање или спам;
(е) содржат рекламен материјал или се ангажирани во комерцијални активности и/или продажба или пораки кои се однесуваат на натпревари, лотарии, трговија, рекламирање, и/или пирамидални шеми; или
(ж) помагаат во (при) реализирање на сите овие активности.
Во прилог на ова, Вие се сложувате да не:
(а) ги користите Страниците, Корисничките Страници и Услугите за било какви нелегални или неовластени намени;
(б) се обидувате да барате неавторизиран пристап до било кој дел од Страниците, Корисничката Содржина и Услугите;
(в) продавате, препродавате, издавате, закупувате или барате суб-лиценца за било кој аспект од Страниците, Корисничките Страници и Услугите;
(г) се мешате или правите штета на Страниците, Корисничките Страници и Услугите, вклучувајќи, без ограничувања, користење вируси, откажување ботови, Тројански коњи, штетен код, негирање напад на услугите, пакет или IP измама, фалсификувано рутирање или информации од електронски адресар или слични методи или технологии;
(д) да не ја репродуцирате или заобиколувате навигациската структура или презентација на Страниците, Корисничките Страници и Услугите;
(ѓ) собирате или сторирате било какви информации за било кои други корисници на Страниците, Корисничките Страници и Услугите освен во доменот на дозволено користење на истите:
(е) се претставувате со лажен идентитет, вклучувајќи, без ограничувања, обезличување на друго лице или ентитет;
(ж) одстранувате авторски права, заштитен знак, или други права на сопственост кои се на Страницата или се поврзани со Страниците, Корисничките Страници или Услугите
(ѕ) модифицирате, адаптирате, суб-лиценцирате, преведувате, продавате, дешифрирате, разделувате или друг вид на растурање на било кој дел од Страниците, Корисничките Страници или Услугите
(и) ги користите Страниците, Корисничките Страници или Услугите за праќање пораки на лица со кои не одржувате врски или лица кои најверојатно нема да ве признаат како извор на пораката;
(ј) ги користите Страниците, Корисничките Страници или Услугите за праќање пораки до издавачки куќи, новински здруженија, или други слични групи
(к) ги користите Страниците, Корисничките Страници или Услугите за вознемирување, следење или праќање непримерни или несакани пораки до друго лице вклучувајќи, без ограничувања, несакана пошта, верижни писма, несакани масовни испраќања или спам: или (л) помагате на било кој во реализирање на горе наведените активности.
Вие исто така се сложувате да се усогласите со сите ограничувања за употреба во однос на Страниците, Корисничките Страници или Услугите онака како што е специфицирано од страна на Бирото за Метрологија, од време на време, со своето дискреционо право, вклучувајќи, ограничувања на простор за чување, користење на широкопојасен опсег, број на конекции/соработки/пораки, број на симултани логирања или инстанци (случаи) на Страниците и Услугите, број/фреквенција на повици до Страниците или Услугите или апликациски програмски интерфејси, достапни на или преку Страниците или Услугите.
Интеракција со други корисници
Само Вие сте одговорни за Вашата интеракција со други корисници на Страниците или Услугите, вклучувајќи, без ограничување, Корисничка Содржина што Вие ја постирате на или преку Страниците или Услугите и преку вашите комуникации со други корисници. Бирото за Метрологија нема да биде одговорно за било каква штета или повреда, како резултат на вашата интеракција со други корисници.
Јасно ви е дека Бирото за Метрологија ги нема корисниците на својот екран, ниту пак поставува прашања за позадината или идентитетите на своите корисници, ниту пак се обидува да ги верификува нивните изјави. Бирото за Метрологија го задржува своето право, но нема обврска, да врши мониторинг на сите интеркации помеѓу вас и други корисници и да превзема дејствија заради доброто на сите и да го ограничи пристапот или достапноста до било која Корисничка Содржина што Бирото за Метрологија може да ја смета за илегална или се коси со овие Услови.
Кориснички сметки
За да пристапите и за да користите одредени делови или карактеристики на Страниците или Услугите, можеби ќе се бара да се регистрирате („Корисничка Сметка”). Тогаш Вие гарантирате дека:
(а) сите информации кои ги доставувате како дел од процесот на регистрација или поврзани со вашата Корисничка Сметка се вистинити, точни, тековни и целосни и;
(б) ќе ги задржите и веднаш ќе ги ажурирате ваквите информации да останат вистинити, точни, тековни и целосни.
Доколку Бирото за Метрологија има разумни причини да се посомнева дека било која информација која сте ја доставиле како дел од процесот на регистрација или информација која е поврзана со вашата Корисничка Сметка не е вистинита, не е точна, не е тековна, не е целосна или дека Вие не сте овластени да регистрирате Корисничка Сметка, Бирото за Метрологија има право да го суспендира или крајно прекине вашиот пристап до и користење на Страниците и Услугите (или било кој дел од нив). Користењето на лични податоци од страна на Бирото за Метрологија, податоци кои ги доставувате како дел од процесот на регистрација е регулирано со Политика на приватност на Бирото за Метрологија.
Од вас, при регистрирање Корисничка Сметка, можеби ќе се бара да изберете корисничко име и лозинка. Корисничкото име и лозинка можеби ќе се бараат при пристапување до одредени делови или карактеристики на Страниците или Услугите кои можете да ги користите само Вие. Вашето корисничко име и лозинка не може да се открие или да го користи друго лице. Само и исклучиво Вие сте одговорни за зачувување на доверливоста и безбедноста на вашето корисничко име и лозинка. Бирото за Метрологија не е одговорно за било каква загуба или оштета при користење на Страниците или Услугите, а кои се појавуваат со внесување на вашето корисничко име и лозинка. Вие се сложувате да го известите Бирото за Метрологија веднаш доколку некој неовластено го користи Вашето корисничко име и лозинка или некоја друга Корисничка Сметка или пак настане било какво нарушување на безбедноста и тајноста, како и дека сигурно ќе се одјавите од Вашата Корисничка Сметка на крај од секоја сесија.
Претплатени сервиси
Одредени делови или карактеристики на Страниците или Услугите можат да бидат достапни само на база на претплата, односно доколку за нив претходно се плати („Платена Услуга”). Бирото за Метрологија го задржува своето дискреционо право да промени било кој слободен дел или карактеристика на Страниците или Услугите што може, од време на време, да ги направи достапни во Платени Услуги, и обратно.
Надоместоците за претплата се нивни, ексклузивни, а ваша е одговорноста за сите такси, тарифи, обврски и други плаќања или проценки, наметнати од владата или владината агенција во релација со Платени Сервиси („Применливи Даноци”), вклучувајќи, без ограничувања, локални, градски и државни продажби, данок за користење на стока и услуги, данок на додадена вредност и персонален данок, односно за сите плаќања кон Бирото за Метрологија, а во врска со Платената услуга. Доколку од Бирото за Метрологија се бара да плати било какви Применливи Даноци во врска со било какви Платени Услуги, на кои Вие сте се претплатиле, го овластувате Бирото за Метрологија да ги наплати тие Применливи Даноци, користејќи ги вашите информации за плаќање.
Бирото за Метрологија го задржува своето ексклузивно право да ги модифицира Платените Услуги и Претплатничките Такси од време на време. Бирото за Метрологија ќе достави најава за промените во однос на материјалната страна на Претплатничкиот или Платениот Сервис, со праќање email порака на email адреса, која Вие ја имате регистрирано под Вашата Корисничка Сметка.
Кај (со) некои Платени Услуги, од време на време, до одреден степен и под услови дозволени од страна на Бирото за Метрологија имате право да ја ажурирате или деградирате Платената Услуга. Со надградба или деградирање на Платената Услуга, Вие го овластувате Бирото за Метрологија да ги наплаќа сите придружни промени во рамките на Претплатничката Такса, во согласност со платежните услови за Претплатнички Такси и Применливи Даноци, опишани погоре. Откажување, надградување или деградирање на Платената Услуга може да се бара преку „Претплатнички Таб”. Сепак, потполно ви е јасно дека таквото откажување, надградување или деградирање можеби нема да биде спроведено во наредните 5 работни дена по приемот на такво барање од страна на Бирото за Метрологија. (ПРИ ОТКАЖУВАЊЕ, НАДГРАДУВАЊЕ ИЛИ ДЕГРАДИРАЊЕ НА ПЛАТЕНАТА УСЛУГА ОД ВАША СТРАНА, ИЛИ ПРИ ПРЕКИНУВАЊЕ НА ПЛАТЕНАТА УСЛУГА ОД СТРАНА НА БИРОТО, НЕМА ДА ВИ СЕ ВРАТАТ СРЕДСТВАТА, НИТУ ПАК ДА ВИ СЕ ДАДЕ КРЕДИТ (потврда или бодови) ЗА ПРЕТПЛАТНИЧКИТЕ ТАКСИ ИЛИ ПРИМЕНЛИВИ ТАКСИ ЗА БИЛО КОЈ ОСТАНАТ ДЕЛ ОД ТЕКОВНИОТ ПЕРИОД НА ПЛАЌАЊЕ ИЛИ ПРОМЕНА ВО ПРЕДПЛАТНИЧКИТЕ ТАКСИ ИЛИ ПРИМЕНЛИВИ ТАКСИ, КОЈА НАСТАНУВА КАКО РЕЗУЛТАТ НА НАДГРАДУВАЊЕ ИЛИ ДЕГРАДИРАЊЕ НА ПЛАТЕНИОТ СЕРВИС).
Се сложувате и го овластувате Бирото за Метрологија, при Ваше откажување од Платената Услуга, веднаш да изврши деактивирање или бришење на вашата Корисничка Сметка и на сите Кориснички Содржини, поврзани со Платената Услуга.
Доколку Бирото за Метрологија не ја добие навреме претплатата од Претплатничката Такса или од Применливите Такси за Платени Услуги, тогаш го задржува своето ексклузивно право да ја прекине или суспендира вашата претплата на Платената Услуга.
Прекинување на Услугите на Сервисот
Бирото за Метрологија го задржува правото во секое време (кога сака) да го модифицира или прекине привремено или трајно пристапот до било кој дел од Страниците, Содржината на страниците или Услугите, без претходна најава. Со вашето пристапување кон Бирото за Метрологија се сложувате дека Бирото за Метрологија не е одговорно пред Вас или било кое трето лице за било каква модификација или дисконтинуитет на Страниците, Содржината на страниците или Услугите
Прекинување
Бирото за Метрологија, може, без претходна најава, а врз основа на своето ексклузивно право и без било каква причина да го прекине Вашето право на пристап или користење на Страниците, Содржината на страниците или Услугите (или било кој дел од нив). Бирото за Метрологија, исто така, може да го прекине Вашето право на пристап и користење на Страниците, Содржината на страниците или Услугите (или било кој дел од нив) доколку прекршите некои од овие Услови. Исто така, Вие се сложувате, дека било какво прекинување на Вашиот пристап до Страниците, Содржината на страниците или Услугите може да стапи на сила без претходна најава, а исто така прифаќате и се сложувате Бирото за Метрологија веднаш да Ви ги деактивира и избрише вашите Кориснички Сметки и било која Корисничка Содржина или Ви забрани понатамошен пристап до такви Кориснички Сметки и Кориснички Содржини, Страници, Содржина на страници или Услуги. Понатаму, Бирото за Метрологија нема да се смета за одговорно пред Вас или трето лице за било какви трошоци или штети од било каков вид, кои се јавуваат како резултат на прекинување на Вашиот пристап до Страниците, Содржината на страниците или Услугите или било какво деактивирање или бришење на вашите Кориснички Сметки и Корисничка Содржина.
Наплата за комуникации
Пристапот до Страниците, Содржината на страниците или Услугите бара Интернет поврзување. Само Вие и единствено Вие сте одговорни за таксите за комуникација и други наплати на кои се изложувате заради Вашиот пристап до Страниците и Услугите, вклучувајќи без ограничување, такси и наплати за мобилноста, за податоците, за безжичен интернет и за пристап до мрежата или нејзино користење.
Одговарање на барања на клиенти
Политиката на Бирото за Метрологија е да одговори на барањата за прекршување на интелектуалната сопственост. Бирото за Метрологија веднаш ќе реагира со тоа што ќе ги процесира и истражи забелешките за ваквата појава односно наводно прекршување и ќе превеземе соодветни дејствија, во рамките на својот ексклузивитет. Барање за прекршување на интелектуална сопственост треба да се пријави на
+389 2 24 03 676 или на e-mail: bom@bom.gov.mk.
Одрекнување од гаранции
Страниците, Содржината на страниците или Услугите се овозможени врз основа на „as is” и „as available”. Со пристапување или користење на Страници или Услуги знаете дека користењето на Страниците, Содржината на страниците или Услугите е целосно на Ваш ризик. Бирото за Метрологија не застапува, не гарантира и ги одрекува сите застапувања, гаранции и состојби кажани или наведени, вклучувајќи, без ограничување:
(а) дека Страниците, Содржината на страниците или Услугите ќе бидат прецизни, целосни, сигурни, соодветни, достапни, безбедни, навремени, ќе ги задоволи вашите барања или ќе Ви овозможи посакувани резултати;
(б) не застапува и не гарантира за состојби на карактеристики, продажба, квалитет, тивко уживање, не правење прекршок, наслов (звање, титула) и оние кои произлегуваат од Статутот или Законот, капитал, или од курсот на работење или тргување;
(в) не гарантира дека работењето на Страниците или Услугите ќе биде непрекинато, безбедно или без грешки;
(г) дека недостатоците или грешките на (во) Страниците, Содржината на страниците или Услугите ќе бидат поправени;
(д) не гарантира дека Страниците, Содржината на страниците или Услугите ќе немаат вируси или други штетни компоненти или
(ѓ) не гарантира дека комуникациите до, од, преку или во конекција со Страниците, Содржината на страниците или Услугите ќе бидат безбедни и нема да бидат пресретнати.
Забелешка: Законите кај одредено правосудство не дозволуваат ограничување на имплицираните гаранции или исклучувања или ограничување на одредени штети, доколку овие закони се применат на Вас, тогаш некои или сите од горе наведените одрекувања, исклучувања или ограничувања можеби и нема да се применат на Вас, а Вие можете да добиете и дополнителни права.
Ограничување од одговорности
Бирото за Метрологија, неговите службеници, директори, вработени, агенти, изведувачи, даватели на лиценци или нивните соодветни наследници и потписници (колективно „сите оние поврзани со Биро за Метрологија”) во никој случај нема да биде предмет на законска процедура во однос на било какви посебни, индиректни, инцидентни, консеквентни штети од било каков вид, кои подлежат на казни, вклучувајќи, без ограничувања, било каква загуба или нанесени штети од природа на пропаднати бизниси, пропаднати заштеди, изгубени податоци, пропаднато користење, изгубени можности, изгубени профити, губење на добра воља, оштетување на сопственост, побарувања од трети лица, или било какви други економски загуби без разлика на причината и дали тие настанале како резултат на договор (вклучувајќи го тука и фундаменталното прекршување), деликт (вклучувајќи запоставување (занемарување)) или нешто друго. Горе наведената граница ќе се применува дури и ако лицето кое е поврзано со Бирото за Метрологија знаело или требало да знае за можноста на предизвикување на вакви штети.
Во никој случај Бирото за Метрологија и неговите субјекти нема да бидат подложени на колективна одговорност, во однос на било каква работа, која е поврзана со Страниците, Содржината на страниците, Услугите или други Услови, без разлика дали се јавуваат како резултат на договор (вклучувајќи фундаментално прекршување) деликт (вклучувајќи запоставување (занемарување) или нешто друго .
Во никој случај субјектите на Бирото за Метрологија (партнерот) нема да бидат одговорни за било каква загуба или штета што може да се јави поради грешка направена од страна на партнерот на Бирото за Метрологија или ваше неуспешно заштитување на корисничкото име или лозинка.
Сите субјекти на Бирото за Метрологија во најкус можен рок ќе негираат било каква одговорност за дејствувања, пропусти или однесување на трети лица корисници, сервис провајдер, рекламер или спонзор на Страниците, Содржината на страниците или Услугите (колективно „трети лица-корисници”). Под никакви услови ниеден соработник нема да биде одговорен за било каква повреда, загуба, штета во однос на било какви посебни, индиректни, инцидентни, консеквентни штети од било каков вид кои подлежат на казни, или за трошоци произлезени од:
(а) дејствувања, пропусти или однесување на трети лица-корисници, или
(б) користење или неспособност за користење на информации, материјали, софтвер, содржина, производи (стока) или услуги, лоцирани на или достапни преку било која веб страница или услуга, поврзана со или од Страниците, Содржината на страниците и Услугите. Доколку одлучите да пристапите или користите било каква веб страница или услуга поврзана со или од Страниците, Содржината на страниците и Услугите (или било какви информации, материјали, софтвер, содржина, стоки или услуги, кои се достапни), го правите тоа на свој сопствен ризик.
Вие ги ослободувате сите субјекти поврзани со Бирото за Метрологија од одговорност за штети што Вие ќе ги предизвикате и се сложувате да немате никакви побарувања од Бирото за Метрологија субјектите, побарувањата кои произлегуваат од купување или користење на стока, производи, услуги, софтвер материјали, информации или содржина, достапна преку Страници, Содржина на страници и Услуги или од поврзување со Страници, Содржина на страници и Услуги од трето лице.
Забелешка: Законите кај одредено правосудство не дозволуваат ограничување на имплицираните гаранции, исклучувања или ограничување на одредени штети, доколку овие закони се применат на Вас, тогаш некои или сите од горе наведените одрекувања, исклучувања или ограничувања можеби и нема да се применат на Вас, а Вие можете да добиете и дополнителни права.
Обештетување
Се сложувате да ги обештетите, браните и заштитувате субјектите на Бирото за Метрологија од било какви загуби, одговорности (вклучувајќи без ограничување, договори и пресуди) и трошоци (вклучувајќи без ограничување, адвокатски такси, трошоци и судски трошоци) кои произлегуваат од:
(а) поднесување тужба од трето лице против субјекти на Бирото за Метрологија, наведувајќи дека Корисничката Содржина или доставените и постираните пораки до или преку Страници или Услуги од Ваша страна ги прекршува правата на интелектуална сопственост на трето лице, права на приватност, право на рекламирање, и други права
(б) секое прекршување од Ваша страна на било која одредба од овие Услови и утврдени застапувања или гаранција,
(в) сите трошоци направени од било кој субјект на Бирото за Метрологија во спроведување на оваа одредба. Бирото за Метрологија го задржува своето дискреционо право да ја контролира одбраната и решавањето на дејствија или постапки против било кој субјект на Бирото за Метрологија за кој Вие сте се обврзале да го браните во согласност со горе наведеното.
Општо
Бирото за Метрологија нема да прифати прекршување на овие Услови, прекршувања што Вие ќе ги имате направено, изразени или имплицирани, ниту пак ќе дозволи суб-секвентно прекршување и на други Услови. Вие не можете да доделувате или да ги пренесувате овие Услови или било кое право или обврска наведени подолу. Доколку некој услов или одредба од овие Услови ќе се најде на суд во рамки на компетентно правосудство, тој ќе биде отстранет, а останатите одредби ќе останат во полна сила без да бидат поништени на било кој начин. Овие Услови не се наменети за креирање на партнерство, заеднички вложувања или агенциски релации помеѓу странките.
Освен за Бирото за Метрологија, применливи договори или политики на Бирото за Метрологија што изрично се однесуваат на овие Услови, истите формираат комплетен договор помеѓу вас и Бирото за Метрологија, а кој се однесува на прашањата тука содржани.
За прашања поврзани со Условите за користење, контактирајте не:
Биро за Метрологија на Република Северна Македонија
Бул. Јане Сандански 109а ,1000 Скопје
bom@bom.gov.mk
++389 2 240 3676
++389 2 2444 677
* КРАЈ НА УСЛОВИТЕ ЗА КОРИСТЕЊЕ *
Etiam magna arcu, ullamcorper ut pulvinar et, ornare sit amet ligula. Aliquam vitae bibendum lorem. Cras id dui lectus. Pellentesque nec felis tristique urna lacinia sollicitudin ac ac ex. Maecenas mattis faucibus condimentum. Curabitur imperdiet felis at est posuere bibendum. Sed quis nulla tellus.
63739 street lorem ipsum City, Country
+12 (0) 345 678 9
info@company.com