СВЕЧЕНО ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ЗАВРШУВАЊЕТО НА IPA 2008 ЗА БМ
На 27 Септември 2012г., во просториите на Информативниот центар на Европска Делегација, свечено беше одбележано завршувањето на проектот „Техничка помош за јакнење на капацитетите на Бирото за метрологија“.
На настанот по повод завршувањето на проектот присуствуваа и се обратија на присутните
На 27 Септември 2012г., во просториите на Информативниот центар на Европска Делегација, свечено беше одбележано завршувањето на проектот „Техничка помош за јакнење на капацитетите на Бирото за метрологија“.
На настанот по повод завршувањето на проектот присуствуваа и се обратија на присутните
CD–Електронска верзија Брошура-Електронска верзија
–Амбасадорот на ЕУ во Македонија, Аиво Орав,
–Министерот за економија, Ваљон Сарачини
–Директорот на Бирото за метрологија, Димитар Парнарџиев,
На настанот, од страна на водечкиот експерт на проектот, Роберто Периси и претставник од Бирото за метрологија беа презентирани и резултатите и продонесот од проектот кон подобрување на националната метролошката инфраструктура.
Проектот „Техничка помош за зајакнување на капацитетите на Бирото за метрологија“беше реализиран во периодот Јануари 2011 – Септември 2012 на за започна во Јануари 2011, во траење од 21 месец, со буџет во висина од 548.600 EUR.
Главната цел на овој проект е допринос кон надминување на техничките бариери и подобрување на трговијата преку подобрување на метролошката инфраструктура во земјата.
Примарно проектот беше насочен кон јакнење на капацитетите на Бирото за метрологија, но индиректно и на целата инфраструктура за квалитет во државата и тоа од аспект на усогласување на националното законодавство од област на метрологијата со она на ЕУ, како и обезбедување висок квалитет на услуги кон бизнис заедницата, потрошувачите, граѓаните.
Активностите во проектот беа структурирани така да се овозможи
1.Јакнење на капацитетите во делот на законска метрологија, преку ревизија на постоечките законски и подзаконски акти со цел усогласување со законодавството на ЕУ, разработка на процедури за имплеметнација на веќе транспонираните Европски директиви за мерни инструменти и неавтоматски ваги
2.Јакнење на капацитетите во делот на научна / индустриска метрологија,
Активностите во рамки на оваа компонента беа насочени кон целосно имплементирање на Систем за управување на квалитет во согласност постигнување меѓународно признавање на калибрационите и мерните можности (CMCs) т.е нивно објавување во базата на податоци на Меѓународното Биро за тегови и мерки BIPM во Париз.
3.Стратешко ориентирање за натамошен на метролошката инфраструктура во земјата и развој на Бирото за метрологија на патот кон интегрирање во ЕУ.
Во рамки на оваа компонента беше направено истражување на националните потреби во делот на законска и научна метрологија и проценка на потребите на корисниците за метрологија, а воедно беше и изготвена предлог Стратегија за развој на националната метролошка инфраструктура 2013-2020.
Покана за свечено одбележување на завршувањето на проектот финансиран од страна на Европската Унија