СТУДИСКА ПОСЕТА НА LNE ФРАНЦИЈА
Во периодот од 11 – 13 Јуни 2012 година, претставници од Бирото за метрологија предводени од Директорот на Бирото за метрологија, м-р Димитар Парнарџиев, остварија студиска посета на Националните Метролошки Лаборатории на Франција (ЛНЕ).
Оваа посета беше реализирана во рамки на IPA 2008 проектот со цел стекнување на искуство за европската практика како во делот на активностите од индустриска/ научна метрологија, така и во делот на законската метрологија.
Во рамки на оваа студиска посета претставниците од Бирото за метрологија, остварија работни средби со повеќе претставници од институтот, при што беа запознаени со лабораториските капацитети и организационите процеси на институтот, како и со можностите за продлабочување на соработката, во насока на техничка поддршка за набавка на опрема и обуки за нови области на мерење.