Соопштение одземени возила
Во просториите на Бирото за метрологија, на 02.04.2015 година се одржа состанокот помеѓу претставници на Бирото за метрологија, Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за управување со одземен имот. Целта на состанокот беше координација помеѓу наведените институции во врска со постапката на проверка на возилата кои се одземаат по пат на судски одлуки, а се наоѓаат во Агенцијата за управување со одземен имот.