РАБОТНА СРЕДБА СО ENDRESS+HAUSER
На 18 Септември 2012 година, во просториите на Бирото за метрологија, директорот на Бирото за метрологија, Димитар Парнарџиев, оствари работна средба со претставници на производителот Endress + Hauser.
Endress + Hauser е реномиран производител на индустриска мерна опрема од област на проток, притисок и температура, која наоѓа примена во широк спектар на индустрии. За време на состанокот, присутните беа запознаени со начинот на постапките за оцена на сообразност на мерила, нивната контрола и верификација, при што особен акцент беше даден на мерилата за проток.