Работна посета во Софија Р.Бугарија
На 24.07.2014 година на покана од овластената лабораторија за верификација на дијафрагмени, ротациони и турбински гасомери и електронски коректори на зафатнината на природен гас (тип 1 и тип 2) ОВЕРГАС од Софија, Република Бугарија, Директорот на Министерство за економија – Биро за метрологија м-р Димитар Парнарџиев во придружба на државни службеници од Министерство за економија – Биро за метрологија реализираа посета на наведената лабораторија.
Посетата опфати разгледување на мерната еталонска опрема на лабораторијата и разговор со раководството на лабораторијата за можна понатамошна соработка за искористување на капацитетите на оваа лабораторија со цел верификација на гасомери и електронски коректори на гас.
По воспоставувањето на водоводната, електричната, телеграфската, телефонската, радио, телевизиската, интернет и топлификационата мрежа, во нашата татковина се повеќе се размислува за целосен развој и на гасоводната мрежа. Паралелно со развојот на наброените мрежи се јавуваше и потребата за испитување и верификација на комуналните мерила (водомери, мерила за електрична енергија – електрични броила (струјомери), мерила за топлинска енергија (калориметри), смарт мерила, гасомери и електронски коректори на зафатнина на гас. Во Република Македонија се уште не постои лабораторија за испитување и верификација на гасомерите и електронските коректори на зафатнина на гас. Министерството за економија – Биро за метрологија како орган одговорен за одржување на метролошкиот систем во Република Македонија ќе направи напори за формирање на лабораторија за оцена на сообразност и верификација на наведените типови на мерила.
{gallery}stories/galerii/rab.poseta_na_sofija,limit=0,random=1,width=200,height=150,gap_h=15,gap_v=15,displayarticle=0,caption=0,image_info=0{/gallery}