Работна посета во Словенија
Во периодот од 03.09 до 05.09.2013 година, делегација од Бирото за метрологија на чело со директорот м-р Димитар Парнарџиев, оствари работна посета на Министерството за сообраќај и Агенцијата за сообраќај на Република Словенија, како и обука од областа на хомологацијата „Одобрување на тип на возила и трактори согласно Директивата 2007/46 EC и 2003/37 EC“ , помогната од TAIEX инструментот.
При посетата беше презентирана организациската структура во делот на хомологацијата и надлежностите кои ги има Министерството за сообраќај на Р.Словенија како и надлежностите на Агенцијата за возила на Република Словенија.
Поголемиот дел од обуката се посвети внимание на софтверското решение на сите постапки кои се опфатени со хомологацијата во Република Словенија односно беше објаснета целата структура на Централниот регистар на возила.ѓ
Во Агенцијата за возила на Р.Словенија практично ни беа демонстрирани сите видови на постапки кои ги спроведува Агенцијата преку Централниот регистар на возила. Преку овој регистар се обработуваат и чуваат техничките податоци кои се однесуваат на возилата и на тракторите.
За време на обуката беше изведена практична презентација преку вршење на хомологација на возило во постапка за единечно одобрување, изготовка на извештај и внес на податоците во Централниот регистар на возила во една од најголемите технички служби во Република словенија – LPP-Javno Podjetje Ljubljanski potniski promet.
{gallery}stories/galerii/2013.09.05,limit=0,random=1,width=200,height=150,gap_h=15,gap_v=15,displayarticle=0,caption=0,image_info=0{/gallery}