Menu

ОБЈАВЕН ПРВИОТ CMCs ЗА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО KCDB НА BIPM

02/07/2013 by

 

cmc 1

Со особено задоволство имаме чест да Ве известиме дека на ден 02.07.2013 година на интернет страницата на Меѓународното Биро за тегови и мери – BIPM е објавен првиот сет на калибрационите и мерните можности (способности) – CMCs  испратен од Лабораторијата за калибрација на мерила за зафатнина и проток, Биро за метрологија – Министерство за економија. Република Македонија преку Биро за метрологија – Министерство за економија за прв пат ги внесе своите калибрациони и метролошки можности во базата на податоци на клучни споредби (KCDB) во Меѓународното биро за тегови и мери (BIPM).
Ова практично значи меѓународното признавање на калибрационите и мерните можности на Бирото за метрологија – Министерство за економија за мерните подрачја наведени во одобрената и објавена табела во базата на податоци на клучни споредби (KCDB) во Меѓународното биро за тегови и мери (BIPM).
Република Македонија на 10.10.2006 година стана придружен член на генералната конференција за тегови и мери (CGPM). На 14.11.2007 година Бирото за метрологија – Министерство за економија го потпиша Аранжманот за меѓународно признавање на калибрационите сертификати (CIPM MRA) и со тоа Република Македонија стана член на заедницата на држави (досега 92 држави) кои меѓусебно една на друга си ги признаваат државните еталони и сертификатите кои ги издаваат државните институти за метрологија. Бирото за метрологија – Министерство за економија и Република Македонија со ова објавување на нашите први CMCs – и практично стана дел од единствениот светски метролошки систем. Еталоните, сертификатите за калибрација и следливоста на Бирото за метрологија – Министерство за економија во областа зафатнина на течности и зафатнински проток на вода од 02.07.2013 година станаа признати во целиот свет. Сите мерења во Македонија кои својата следливост ја остваруваат преку зафатнина и проток (кога мерилата со кои ќе се изведуваат мерењата ќе бидат калибрирани во Бирото за метрологија – Министерство за економија) ќе можат почнувајќи од 02.07.2013 година да докажат дека се дел од светски признаен метролошки систем.

Ве упатуваме на следниов линк:

http://kcdb.bipm.org/appendixc/country_list_search.asp?countselected=MK&type=M

ВАШИТЕ МЕРЕЊА НАПРАВЕТЕ ГИ ВО МАКЕДОНИЈА!

Switch The Language
    Scroll Up

    Etiam magna arcu, ullamcorper ut pulvinar et, ornare sit amet ligula. Aliquam vitae bibendum lorem. Cras id dui lectus. Pellentesque nec felis tristique urna lacinia sollicitudin ac ac ex. Maecenas mattis faucibus condimentum. Curabitur imperdiet felis at est posuere bibendum. Sed quis nulla tellus.

    ADDRESS

    63739 street lorem ipsum City, Country

    PHONE

    +12 (0) 345 678 9

    EMAIL

    info@company.com