НОВА ОДЛУКА ЗА ЖИГОСУВАЊЕ НА СКАПОЦЕНИ МЕТАЛИ
Во врска со предвидените активности во рамки на проектот „Регулаторна гилотина за поедноставување на прописите и намалување на трошоците на занаетчиите“, ги информираме корисниците на услуги на Бирото за метрологија, дека е донесена нова Одлука за висината и начинот на плаќање на надоместок на трошоците за испитување и жигосување на предмети од скапоцени метали („Службен весник на Република Македонија“ бр. 147/12), која стапува во сила на 1-ви декември 2012 година.
Новата одлука вклучува неколку клучни елементи во насока на зголемување на бројот на предмети од скапоцени метали кои ќе ги исполнуваат потребните законски услови за пуштање во промет, како и намалување на нелојалната конкуренција и заштита на потрошувачите. Имено, горенаведената одлука вклучува:
1. Намалување на висината на надоместокот за испитување и жигосување на преметите од скапоцени метали кое што се движи помеѓу 50 – 90% во зависност од скапоцениот метал,
2. Направена е класифицикација согласно масата на предметите од скапоцени материјали (предмети со маса до 1 грам, предмети со маса од 1 грам до 5 грама и предмети со маса над 5 грама), за разлика од претходно, каде што начинот на наплата беше идентичен независно од масата на предметите од скапоцени материјали кои се испитуваат односно жигосуваат и
3. трошоците кои се наплатуваат за испитување и жигосување на предмети од скапоцени материјали од увоз, се изедначуваат со трошоците кои се наплатуваат за испитување и жигосување на предмети од домашно производство.