МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО ДМДМ НА РЕПУБЛИКА СРБИЈА
На 24 Јули 2012, Бирото за метрологија на Република Македонија и Дирекцијата за мерки и скапоцени метали (ДМДМ) на Република Србија, потпишаа Меморандум за разбирање и соработка.
На свечениот чин на потпишување на Меморандумот за разбирање и соработка присуствуваа директорот на Бирото за метрологија, г-н Димитар Парнарџиев и г-ѓа Вида Живковиќ, директор на Дирекцијата за мерки и скапоцени метали.
Двете институции се носители на метролошка инфраструктура на национално ниво и како такви претставуваат клучeн елемент во изградбата на инфраструктурата за квалитет на своите држави, а и пошироко.
Потпишувањето на овој меморандум за разбирање, воедно претставува поттик за продлабочување на сооработка меѓу институциите, отвара можности и перспективи, пред се од аспект на размена на информации и искуства од областа како на научната така и во законската метрологија, преку организација на меѓусебни посети на експерти, организација и учество на семинари, работилници, во насока на јакнење на капацитетите на институциите.
Бирото за метрологија, досега има остварено соработка со Националноит Институт за метрологија на Република Турција (ТУБИТАК УМЕ), Генералниот Директорат за метрологија на Република Албанија (ДПМ) и Институтот за метрологија на Република Словенија (МИРС) и Институтот за метрологија на Република Бугарија (БИМ).
{gallery}stories/galerii/2012.07.24,limit=0,random=1,width=200,height=150,gap_h=15,gap_v=15,displayarticle=0,caption=0,image_info=0{/gallery}