Во Октомври 2006 Република Македонија стана членка на Метарска конвенција со седиште во Париз, што е од исклучително значење за развојот на научната метрологија во државата. На 14.11.2007 е потпишан CIPM MRA – Аранжман за прифаќање на сертификатите за калибрација издадени од земјите потписнички на овој аранжман под покровителство на Метарската конвенција. Со ова се отвара можноста за признавање и прифаќање на сертификатите за калибрација што ќе ги издава Бирото за метрологија по процесот на докажување на неговата компетентност во рамките на регионалната метролошка организација ЕУРАМЕТ.
ЕУРАМЕТ е Европска асоцијација на национални институти за метрологија. Мисијата на ЕУРАМЕТ е координација на соработката меѓу европските националните институти за метролгија во областа на истражувањата во метрологијата, следливоста на мерењата на СИ единиците, меѓународното распознавање на националните мерни стандарди и калибрационите и мерни способности на националните институти за метрологија и особено имплементацијата на MRA – Аранжман за прифаќање на сертификатите за калибрација издадени од земјите потписнички на овој аранжман под покровителство на Метарската конвенција.
На почетокот на 2007 година Бирото за метрологија стана асоцијативна членка на ЕУРАМЕТ со што е остварено учество на наши инженери во техничките комитети на ЕУРАМЕТ за должина,маса,температура,проток и волумен, време и фрекфенција, електрични големини, интердисциплинарна метрологија. Потпишан е меморандум за соработка со ЕУРАМЕТ за реализирање на специјалистичка обука за сите лабаратории, калибрации на националните стандарди и интеркомпарации со други национални институти.
Etiam magna arcu, ullamcorper ut pulvinar et, ornare sit amet ligula. Aliquam vitae bibendum lorem. Cras id dui lectus. Pellentesque nec felis tristique urna lacinia sollicitudin ac ac ex. Maecenas mattis faucibus condimentum. Curabitur imperdiet felis at est posuere bibendum. Sed quis nulla tellus.
63739 street lorem ipsum City, Country
+12 (0) 345 678 9
info@company.com