Mинистерката за енергетика, рударство и минерални суровини г-ѓа Сања Божиновска го посети Бирото за метрологија
Денес, 20.02.2025 година министерката за енергетика, рударство и минерални суровини г-ѓа Сања Божиновска го посети Бирото за метрологија, кое е орган во состав на истото Министерство. Министерката Божиновска ги посети сите лаборатории за калибрација и тестирање и со секој од техничкиот персонал поразговара за начинот како тие функционираат. Министерката Божиновска даде целосна поддршка на работењето на Бирото за метрологија и истакна дека во иднина ќе се залага за натамошно унапредување на работата на Бирото.