Лабораторијата за референтни материјали е дел од Бирото за Метрологија, орган во состав на Министерството за Економија. Главна задача на оваа лабораторија е да ги чува, одржува и развива стандардите за калибрација преку споредување со другите национални лаборатории. Лабораторијата располага со опрема и прибор за испитување и хемиска анализа на референтни материјали. Лабораторијата за референтни материјали може да ги калибрира следниве референтни стандарди: Ареометри за испитување на густина со опсег од 0,600 g/cm³ до 1,960 g/cm³ Алкохолометри со опсег од 0,5% до 100% Уринометри со опсег од 1,00 g/cm³ до 1,06 g/cm³ Лактодензиметар со опсег од 1,014 g/cm³ до 1,040 g/cm³ Широмер со опсег од 1,00 g/cm³ до 1,13 g/cm³
Лабораторијата за референтни материјали може да изврши производство на референтен материјал – етанол во вода кој служи за верификација на етилометри. Референтниот материјал се подготвува со гравиметриска метода, во согласност со ISO 17034:2016 – Општи барања за компетентност на производителите на референтни материјали. За производство на етанол во вода, Бирото за метрологија располага со следната опрема: Неавтоматска вага, производител Mettler Toledo, Швајцарија, модел XP205, сериски број C101858114 мерен опсег од 0 g до 220 g, резолуција 0,00001 g Неавтоматска вага, производител Mettler Toledo, Швајцарија, модел ME6002T/00, сериски број C053826519, мерен опсег од 0 g до 6200 g, резолуција 0.01 g Кулометриски КФ Титратор, Mettler Toledo бренд, модел C20S Гасен хроматограф со ФИД детектор, бренд Agilent Technologies, модел 7890B Фрижидер за хемикалии, Binder Стаклени килибарни шишиња од 1 L Стаклени килибарни вијали од 4 mL, 20 mL и 22 mL Вијали за гасна хроматографија Волуметриска пипета од 10 mL Шприцеви од 100 µL и 5 mL, Hamilton Автоматски пипети
За верификација на етилометри, Бирото за метрологија располага со следната следната OIML R126: Тип I опрема за тестирање: ALCOSIM Breath Alcohol Simulator (калибратор) – термостатски стаклен сад со волумен од 500 mL, со мешалка, 3 парчиња Воздушна пумпа со регулатор и мерење на проток Придружни потрошни материјали (силиконски црева, усници за етилометри) Dräger Alcotest 9510 доказен анализатор на здив
Одговорно лице во лабораторијата: Јулијана Пецалевска julijana.pecalevksa@bom.gov.mk контакт тел: 2403-676 локал: 119
|
Etiam magna arcu, ullamcorper ut pulvinar et, ornare sit amet ligula. Aliquam vitae bibendum lorem. Cras id dui lectus. Pellentesque nec felis tristique urna lacinia sollicitudin ac ac ex. Maecenas mattis faucibus condimentum. Curabitur imperdiet felis at est posuere bibendum. Sed quis nulla tellus.
63739 street lorem ipsum City, Country
+12 (0) 345 678 9
info@company.com