Лабораторијата за акустика и вибрација е акредитирана по стандардот MКС
EN ISO/IEC 17025 : 2018 и истата е наменета за калибрација на извори на
звук – калибратори како и за калибрација за мерачи на ниво на звук –
фономери, со следниот опсег и неодреденост:
Мерила за ниво на звук, Фономери Sound level meters |
frequency range: 31,5 Hz – 16 kHz |
0,03 Hz | Лабораториска процедура LP 04-AV-01 согласно CEI/IEC 61672-1:2002-05 CEI/ IEC 61672-2:2003-04 CEI/ IEC 61672-3:2013-09 Laboratory procedure LP 04-AV-01 in accordance with CEI/ IEC 61672-1:2002-05 CEI/ IEC 61672-2:2003-04 CEI/ IEC 61672-3:2013-09 |
Levels: 94 dB, 104 dB and 114 dB (re. 20 µPa) |
(0,10 dB – 0,40 dB) | ||
Frequency range: 31,5 Hz-16 KHz | (0,02 Hz -0,03 Hz) | Лабораториска процедура LP 04-AV-02 согласно CEI/IEC 60942:2003-01 директна метода на мерење Laboratory procedure LP 04-AV-02 in accordance with CEI/IEC 60942:2003-01 direct measurement method |
|
Levels: 94 dB, 104 dB, 114 dB and 124 dB (re. 20 µPa) |
(0,08 dB – 0,15 dB) |
Лабораторијата за акустика и
вибрација е опремена од реномираниот
данскиот производител на опрема за акустика и вибрации Brüel & Kjær. Калибрациониот
систем е со ознака Calibration system Type 3630. Системот е во
согласност со сите релевантни меѓународни стандарди и препораки и е подеднакво
добро прилагоден за употреба во националните лаборатории за калибрација на
извори на звук и фономери. Системот ја комбинира врвната информатичка
технологија со докажаното долгогодишно искуство на Brüel & Kjær во калибрацијата на
инструментите за мерење на звук и вибрации. Компанијата Brüel & Kjær се активни во
бизнисот со калибрација со децении и тие се едни од пионерите во таа област. Нивната
посветеност кон највисоките стандарди за квалитет и техничка експертиза е
позната ширум целиот свет. Со уникатната софтверска подршка и базата на
податоци вршиме калибрација на сите
типови извори на звук –калибратори и мерачи на звук-фономери од таа врвна
компанија, како и од други производители на калибратори на звук и мерачи на ниво на звук-фономери со
доставување на соодветни и специфичните фабрички технички карактеристики на мерилата
на звук и изворите на звук, како на
пример британскиот производителот на мерна опрема за мерење на звук Cirrius. Индикатори на звук и нивни калибратори на звук не вршиме калибрација.
Лабораторијата за акустика и
вибрација во докажување на својата компететност има извршено билатерална
интеркомпарација со дирекцијата за мерки и скапоцени метали при Министерството
за стопанство на Република Србија.
Лице за контакт:
Ѓорѓи Попоски ,
контакт тел: 2403-676 локал: 117
gorgi.poposki@bom.gov.mk
тел: +38972240581
Etiam magna arcu, ullamcorper ut pulvinar et, ornare sit amet ligula. Aliquam vitae bibendum lorem. Cras id dui lectus. Pellentesque nec felis tristique urna lacinia sollicitudin ac ac ex. Maecenas mattis faucibus condimentum. Curabitur imperdiet felis at est posuere bibendum. Sed quis nulla tellus.
63739 street lorem ipsum City, Country
+12 (0) 345 678 9
info@company.com