Интеркомпарација на електрични величини
Лабораторијата за AC/DC ниска фреквенција при Бирото за метрологија е пилот лабораторија за областа „РТ 5 – електрични величини“ во склоп на проектот “IPA 2011 Quality Infrastructure – Western Balkans and Turkey”.
Во РТ 5 групата уште учествуваат и Националните Метролошки Лаборатории од Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија, Косово и Хрватска како и Лабораторијата за тестирање и калибрација при Институтот за електротехника од Србија. Споредбата се остварува со дигитален мултиметар со 8.5 дигити и ги опфаќа сите пет величини: еднонасочен напон, наизменичен напон, еднонасочна струја, наизменична струја и отпорност. Проектот е започнат во септември 2012 година и е планирано сите земји учеснички да завршат со мерењета до јуни 2013 година, додека конечните резултати е планирано да бидат објавени во септември 2013 година.