ИНФОРМАЦИЈА ДО СИТЕ ОВЛАСТЕНИ СЕРВИСИ ЗА ВАГИ
Ве информираме дека сметано од денешна дата, 12.10.2012 година, за непречена реализација на контролата и верификацијата на мерилата тип МЕХАНИЧКИ ВАГИ СО ДОДАТНИ ТЕГОВИ, потребно е пристапот кон делот (деловите) со кој се обезбедува нагодување на вагата, да е (се) соодветно заштитен(и) т.е да се обезбедат услови за ставање жиг пломба на истиот (те).
Доколку при проверка на мерилата се утврди дека не е постапено по нашето барање, мерилата НЕМА ДА СЕ ВЕРИФИКУВААТ.