ГОДИШЕН СОСТАНОК НА IAAO И ВИЕНСКАТА КОНВЕНЦИЈА ЗА СКАПОЦЕНИ МЕТАЛИ
Во периодот од 8 до 12 Септември 2015 година во Лондон, Велика Британија, претставници од Бирото за метрологија земаа учество на 77-от состанок на Hallmarking конвенцијата и 16-от состанок на IAAO (Меѓународната асоцијација на институции кои проверуваат предмети од скапоцени метали). Hallmarking конвенцијата или позната како Конвенцијата за контрола и означување на предмети од скапоцени метали или “Виенска Конвенција” е меѓународен договор помеѓу државите договорнички, која има за цел олеснување на прекуграничната трговија на предмети од скапоцени метали. Опсегот на Конвенцијата е строго ограничен на контрола на содржината на предмети од скапоцени метали. IААО е форум за размена на информации и промоција на техничка соработка меѓу надлежните државни канцеларии за анализа и жигосување на предмети од скапоцени метали.
Бирото за метрологија е институција која согласно Законот за контрола на предмети од скапоцени метали е надлежна за контрола на предметите од скапоцени метали пред нивно пуштање во промет и ја претставува Република Македонија во гореспеменатата асоцијација. Во рамки на активностите на Виенската Конвенција и IААО на годишно ниво се организираат меѓулабораториски споредби (познати како Round Robin tests) во кои што оваа година и Бирото за метрологија зема учество и покажа задоволителни резултати.
{gallery}stories/galerii/iaao_godisen_sostanok,limit=0,random=1,width=200,height=150,gap_h=15,gap_v=15,displayarticle=0,caption=0,images,resize_images=1,height_image=600,ratio_image=1,images_new=1, image_info=0{/gallery}