Согласно процедурите за работа на Техничкиот комитет за квалитет на Еурамет, EURAMET TC-Q, во период од 28-30.03.2023 год. во Берн, Швајцарија, во Федералниот институт за метрологија METAS, се одржа годишен состанок на комитетот за квалитет, со цел потврдување на Системот за управување со квалитет на Националните метролошки институти и придружни институти, преку разгледување на доставените годишни извештаи и дискусии со сите земји-членки на EURAMET.
Работата на лабораторискиот центар на Бирото за метрологија и сите измени во Системот за управување со квалитет, за период од 1 година беше презентирана преку годишен извештај, кој беше прифатен од стручниот комитет на EURAMET TC-Q (Steering committee) без никакви забелешки и несообразности.
По завршувањето на годишниот состанок на EURAMET TC-Q, во рамките на службеното патување, Делегацијата на Бирото за метрологија предводена од директорот Авдуљ-Селам Селами оствари и средба со Амбасадорката на Република Северна Македонија во Швајцарија, нејзината екселенција Мелехате Муфтаровска на која се разговараше за посредување и помош од страна на нашата Амбасада во билатерални договори меѓу Бирото за метрологија и Федералниот институт за метрологија METAS, во областите на научна, индустриска и законска метрологија.