Menu

Квалитетот на горивата под лупа – Инспекциските контроли на македонскиот пазар се заоструваат

05/12/2024 by

Квалитетот на горивата под лупа - Инспекциските контроли на македонскиот пазар се заоструваат

Потпишан договор за користење на лабораторијата за тестирање на квалитетот на течни горива помеѓу Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) и Бирото за метрологија.

Под покровителство на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, потпишан договор за соработка меѓу Бирото за метрологија и Државниот пазарен инспекторат. Договорот за користење на лабораторијата за тестирање на квалитетот на течни горива има за цел заострување на контролите за квалитетот на течните горива и да обезбеди поголема сигурност за потрошувачите.

Договорот го потпишаа директорите на двете институции – Влатко Стојкоски од Државниот пазарен инспекторат и Седад Рушани од Бирото за метрологија, во присуство на министерката Сања Божиновска, со што ја формализираа соработката насочена кон поголема контрола и транспарентност во обезбедувањето на квалитетни течни горива.

„ Со овој потег, државата праќа јасна порака: неквалитетните горива немаат место на македонскиот пазар. Потрошувачите добиваат квалитет и сигурност, додека институциите покажуваат дека се посветени на повисоки стандарди и подобра заштита на јавниот интерес.“ истакна Божиновска.

Во изминатите пет години, и покрај склучените договори за соработка, беа реализирани незначителен број анализи на течни горива, а со овој договор се предвидува драстично зголемување на обемот на инспекциските проверки.  Инспекциските тимови ќе ја користат лабораторијата за мострирање и тестирање согласно однапред дефинирани годишни планови, но и за вонредни инспекции.

,, Според планот за 2025 година, кој е составен дел од договорот, ќе се извршат дури 220 анализи на квалитетот на горивата, со што се поставуваат повисоки стандарди за усогласеност со македонските регулативи и стандарди. “ истакна директорот на Државниот пазарен инспекторат Влатко Стојкоски.

„ Со овој договор, Бирото за метрологија ја става својата лабораторија – мобилна и фиксна – во служба на инспекциските тимови. Лабораторијата е акредитирана за 26 методи на тестирање и ќе овозможи брзи и прецизни анализи на квалитетот на горивата директно на терен.“ истакна директорот на Бирото за метрологија Седад Рушани.

Со користење на акредитираната лабораторија на Бирото за метрологија, инспекциските тимови ќе спроведуваат детални и брзи тестирања на терен, што ќе ја гарантира контролата на квалитетот и ќе испрати јасна порака дека неквалитетните горива немаат место на нашиот пазар.

 
Switch The Language
    Scroll Up

    Etiam magna arcu, ullamcorper ut pulvinar et, ornare sit amet ligula. Aliquam vitae bibendum lorem. Cras id dui lectus. Pellentesque nec felis tristique urna lacinia sollicitudin ac ac ex. Maecenas mattis faucibus condimentum. Curabitur imperdiet felis at est posuere bibendum. Sed quis nulla tellus.

    ADDRESS

    63739 street lorem ipsum City, Country

    PHONE

    +12 (0) 345 678 9

    EMAIL

    info@company.com