Menu

CEFTON состанок во Молдавија

31/10/2022 by

CEFTON состанок во Молдавија

Вработените г-дин Ненад Петровски и г-дин Ванчо Кацарски,  од Лабораторијата за притисок беа на дводневно патување во Кишињев, Р.Молдавија за потребите на проектот CEFTON. Патувањето се реализираше во два дена 27 и 28 Октомври 2022 година. Темата беше напредокот на реализацијата на обврските согласно проектот CEFTON. Се разгледаа обврските кои останаа пред официјалното затворање на овој проект кој  трае до крајот на Март 2023година. Се заклучи дека првиот работен извештај кој беше доставен до конзорциумот на ЕУРАМЕТ е прифатен од нивна страна.  Беше договорено дека финалниот извештај ќе се изработува во Скопје на 24, 25 и 26 Јануари 2023 година и на почетокот на Февруари да биде испратен до конзорциумот на ЕУРАМЕТ.  Во меѓувреме во средината на месец Ноември и Декември се договорија да се одржат и on-line  состаноци за да се види напредокот по одредени точки кои треба да се реализираат за да може да се изготви финалниот извештај.

Овој проект нема истражувачки карактер,  односно неговиот фокус е кон градење на капацитетите на Метролошките институти во CEFTA(Central Europe Free Trade Agreement) земјите.  На почетокот беа анализирани потребите на заинтересираните страни во CEFTA земјите.  Врз основа на оваа анализа експерти од Националните метролошки институти на Македонија, Молдавија и Босна и Херцеговина поминаа тридневна обука во Мост, Р.Чешка.

Се истакна дека за потребите на овој проект, Бирото за метрологија го контактираше Здружението на  офтамолози во С.Македонија. Во него членуваат над 80 членови.  Учество преку пополнување на прашалник изготвен за потребите на овој проект зема Претседателката на ова Здружение Проф.д-р Весна Димовска  Јорданова. Истотака активно учество земаа и Институтот за Акредитација на Р.С.Македонија како и Институтот за Стандардизација на Р.С.Македонија.

Една од значајните цели на овој проект е да се разбере влијанието на Глаукомијата која е одговорна за настанување на слепилото, можноста за нејзино брзо откривање и спречување, да се споделуваат информации за потребите на националните чинители, како што се индуистрискиот, здравствениот, законодавниот и регулаторниот сектор , а на тој начин ќе се содаде влијание и ќе биде одлична платформа за идна соработка на полето на метрологијата во Очниот притисок.

Посигурни, следливи и прецизни методи за калибрација на опремата за мерење на очен притисок како и опрема за тестирање на очниот притисок ќе постојат во CEFTA земјите. Преку новите методи и новите мерни инструменти ќе се подобри и метролошката проверка на очниот притисок и на овој начин ќе им се обезбеди на граѓаните на  CEFTA земјите подобри и посигурни мерења  на очниот притисок.

За сите заинтересирани страни за овој проект, како и информации поврзани со активностите на овој проект  креирана е и интернет страна https://projectcefton.com.

Се  направи и посета на дел од калибрационите лаборатории како и на дел од лабораториите кои се користат  за верификација на инструменти. Се размени  и искуство и во други области согласно ингеренциите  кои ги има Метролошкиот Институт на  Молдавија.

За време на состаноците се разменуваше искуство и во други области за кои ги информиравме колегите од Молдавија, како и за постигнат одреден напредок и успех. Директорот на одделот за инспекција при Метролошкиот Национален Институт г-динот Anatolii Bescupschii изрази желба во иднина да се договори директна соработка со Бирото за метрологија, и доколку е потребно да се потпише и билатерален договор за соработка.

Switch The Language
    Scroll Up

    Etiam magna arcu, ullamcorper ut pulvinar et, ornare sit amet ligula. Aliquam vitae bibendum lorem. Cras id dui lectus. Pellentesque nec felis tristique urna lacinia sollicitudin ac ac ex. Maecenas mattis faucibus condimentum. Curabitur imperdiet felis at est posuere bibendum. Sed quis nulla tellus.

    ADDRESS

    63739 street lorem ipsum City, Country

    PHONE

    +12 (0) 345 678 9

    EMAIL

    info@company.com