Menu

СООПШТЕНИЕ

Во недела на 25 октомври 2015 година во 03h 00min 00s завршува летното сметање на времето, така што со поместување за еден час наназад времето во 03h 00min 00s се смета како 02h 00min 00s.    

Одржан Теам Билдинг на вработените од Бирото за метрологија.

Во период од 16.10 до 18.10.2015 година во Хотел Манастир – Берово беше одржан Теам Билдинг на вработените од Бирото за метрологија, каде беше одржано советување и обуки на вработените од Бирото за метрологија.

Обуката беше организирана од страна на Мотива – центар за менаџмент консалтинг образование и обука на тема “Комуникација со корисници и испорака на врвна услуга, управување со време и зголемување на продуктивноста на работно место”.

Сектор за општи работи, финансиски прашања и информатички системи

Сектор за општи работи, финансиски прашања и информатички системи

ГОДИШЕН СОСТАНОК НА IAAO И ВИЕНСКАТА КОНВЕНЦИЈА ЗА СКАПОЦЕНИ МЕТАЛИ

Во периодот од 8 до 12 Септември 2015 година во Лондон, Велика Британија, претставници од Бирото за метрологија земаа учество на  77-от состанок на Hallmarking конвенцијата и 16-от состанок на IAAO (Меѓународната асоцијација на институции кои проверуваат предмети од скапоцени метали). Hallmarking конвенцијата или позната како Конвенцијата за контрола и означување на предмети од скапоцени метали или “Виенска Конвенција” е меѓународен договор помеѓу државите договорнички, која има за цел олеснување на прекуграничната трговија на предмети од скапоцени метали. Опсегот на Конвенцијата е строго ограничен на контрола на содржината на предмети од скапоцени метали. IААО е форум за размена на информации и промоција на техничка соработка меѓу надлежните државни канцеларии за анализа и жигосување на предмети од скапоцени метали.

Техничка помош за подготовка на проекти за Бирото за метрологија

На 29.06.2015год. во просториите на Бирото за метрологија се одржа воведен состанок со кој отпочна имплементација на проектот IPA/TAIB 2011/6.9/LOT10/06.1 – Техничка помош за подготовка на проекти за Бирото за метрологија.

Ден на метрологијата

Бирото за метрологија го слави 20-ти мај – Светскиот ден на метрологијата. На овој ден се обележува годишнината од потпишување на Метарската конвенција во 1875 година, сo што се дава основа за развој на светскиот кохерентен мерен систем.По тој повод, 20-ти мај ќе биде отворен ден за посета на Бирото за метрологија. Сите заинтересирани граѓани […]

Учество на Состанок на комитетот на WELMEC

Од 5-7 Мај 2015 година во Белград, Р Србија, се одржува 31-от Состанок на комитетот на WELMEC (Европска Организација за соработка во Законска Метрологија) на кое што присуствува и Директорот на Бирото за метрологија, м-р Димитар Парнарџиев и претставник од Секторот за верификација на Бирото за метрологија. WELMEC (Европска соработка во Законска Метрологија) се состои […]

Брошура за развој на метролошката инфраструктура 2009-2012

ХРОНОЛОШКИ РАЗВОЈ НА БИРОТО ЗА МЕТРОЛОГИЈАСТРАТЕШКО ПЛАНИРАЊЕ НА АКТИНОСТИТЕЗАКОНСКА РАМКА     ЗАКОН ЗА МЕТРОЛОГИЈА     ЗАКОН ЗА КОНТРОЛА НА ПРЕДМЕТИ ОД СКАПОЦЕНИ МЕТАЛИ     ЗАКОН ЗА ВОЗИЛА Превземете…

Соопштение одземени возила

Во просториите на Бирото за метрологија, на 02.04.2015 година се одржа состанокот помеѓу претставници на Бирото за метрологија,  Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за управување со одземен имот. Целта на состанокот беше координација помеѓу наведените институции во врска со постапката на  проверка на возилата кои се одземаат по пат на судски одлуки, а се […]

Метрологија гаранција за точни и доверливи мерења

Switch The Language
    Scroll Up

    Etiam magna arcu, ullamcorper ut pulvinar et, ornare sit amet ligula. Aliquam vitae bibendum lorem. Cras id dui lectus. Pellentesque nec felis tristique urna lacinia sollicitudin ac ac ex. Maecenas mattis faucibus condimentum. Curabitur imperdiet felis at est posuere bibendum. Sed quis nulla tellus.

    ADDRESS

    63739 street lorem ipsum City, Country

    PHONE

    +12 (0) 345 678 9

    EMAIL

    info@company.com