На 17 Ноември 2015, директорот на Бирото за метрологија, м-р Димитар Парнарџиев и Деканот на Факултетот за електротехника и информациски технологии во состав на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, Проф. д-р Миле Станковски потпишаа Меморандум за соработка.
Со овој Меморандум се утврдува рамката во која се реализира соработката меѓу потписниците за работи од заеднички интерес базирани на искористувањето на научно-стручните, професионалните, материјално-техничките и просторните услови на една од двете странки насочени кон унапредувањето на едукативните, истражувачките и апликативните активности од областа на метрологијата, електротехниката и информациските технологии.