Menu

РАБОТНА ПОСЕТА АД „ОКТА“ СКОПЈЕ

На ден 01.02.2013 година, Директорот на Бирото за метрологија Димитар Парнарџиев реализираше работна посета на Рафинеријата „ОКТА“ – Скопје. Целта на оваа посета беше запознавање со капацитетите на ОКТА, со процесот на производство на нафта и нафтени деривати, како и мерните места каде се поставени мерила кои подлежат на верификација. 

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Подносителите на барање за верификација на мерила треба да достават пополнето во целост барање за верификација и прилог спецификација ( Упатство )

НАБАВЕНА ОПРЕМА ЗА ЛАБОРАТОРИИТЕ ВО БМ

Во Декември 2012, три лаборатории на Бирото за метрологија – Лабораторијата за маса, Лабораторијата за зафатнина и проток и Лабораторијата за испитување на скапоцени метали, преку постапка на јавна набавка се опремени со масени компаратори со кои што ќе се овозможи проширување на опсегот за мерење на лабораториите

РАБОТНА СРЕДБА СО ПРЕТСТАВНИЦИТЕ НА СЕРВИСИ ЗА ВАГИ

На 04.01.2013 год., во просториите на Бирото за метрологија се одржа работна средба со претставници на сервисите за одржување на ваги. Состанокот беше одржан со цел координирање на активностите во делот на верификација на мерила, а сето тоа со цел навремена реализација на барањата за верификација како и продолжување на досегашната успешна соработка.

РАБ. СРЕДБА СО ПРЕТСТАВНИЦИТЕ НА СЕРВИСИ ЗА СМТГ И ТНГ

На 04.01.2013 год., во просториите на Бирото за метрологија се одржа работна средба со претставници на сервисите за одржување на справи за течно гориво и течен нафтен гас. Состанокот беше одржан со цел координирање на активностите во делот на верификација на мерилата, а сето тоа со цел навремена реализација на барањата за верификација како и […]

GOOD PROGRESS ACHIEVED IN THE AREA OF METROLOGY

Во Извештајот за напредокот на Република Македонија за 2012 година изготвен од Европската Комисија и Советот за „ Стратегијата за проширување 2012-2013“,во поглавјето 4 – „Способност да се превземат обврските со членството“, во делот на Слободно движење на стоки, Метрологија нотиран е  значителен напредок во 2012 година ( стр. 26 од извештајот).

ПОСЕТА НА БИМ, БУГАРИЈА

Во период од 17 до 19.12.2012 година, по покана на директорот на Бугарскиот институт за метрологија г-ѓа Димка Иванова, претставници од Бирото за метрологија на Република Македонија, предводени од директорот м-р Димитар Парнарџиев, остварија работна посета на овој институт.

НОВА ОДЛУКА ЗА ЖИГОСУВАЊЕ НА СКАПОЦЕНИ МЕТАЛИ

Во врска со предвидените активности во рамки на проектот „Регулаторна гилотина за поедноставување на прописите и намалување на трошоците на занаетчиите“, ги информираме корисниците на услуги на Бирото за метрологија, дека е донесена нова Одлука за висината и начинот на плаќање на надоместок на трошоците за испитување и жигосување на предмети од скапоцени метали („Службен весник на Република Македонија“ бр. 147/12), која стапува во сила на 1-ви декември 2012 година.

Пример за пресметка на волумен на гориво

  Пресметка на волумен на гориво

ИНФОРМАЦИЈА ДО СИТЕ ОВЛАСТЕНИ СЕРВИСИ ЗА ВАГИ

Ве информираме дека сметано од денешна дата, 12.10.2012 година, за непречена реализација на контролата и верификацијата на мерилата тип МЕХАНИЧКИ ВАГИ СО ДОДАТНИ ТЕГОВИ, потребно е пристапот кон делот (деловите) со кој се обезбедува нагодување на вагата, да е (се) соодветно заштитен(и) т.е да се обезбедат услови за ставање жиг пломба на истиот (те).Доколку при […]

Switch The Language
    Scroll Up

    Etiam magna arcu, ullamcorper ut pulvinar et, ornare sit amet ligula. Aliquam vitae bibendum lorem. Cras id dui lectus. Pellentesque nec felis tristique urna lacinia sollicitudin ac ac ex. Maecenas mattis faucibus condimentum. Curabitur imperdiet felis at est posuere bibendum. Sed quis nulla tellus.

    ADDRESS

    63739 street lorem ipsum City, Country

    PHONE

    +12 (0) 345 678 9

    EMAIL

    info@company.com