Menu

Апликација за CMC Волумен и проток

12/02/2013 by

Националната лабораторија за зафатнина и проток поднесе апликација за потврда на калибрационите мерни способности (CMC) до Техничкиот Комитет за проток на EURAMET и истата е во постапка на проверка и потврда од страна на Ревизионата група за CMC. 

Во контекс на CIPM MRA и ILAC Arrangement, Калибрационите и мерните способности CMC се публикуваат на веб страната BIPM key comparison database (KCDB) of the CIPM MRA или се опишани во скопот на акредитацијата на лабораторијата која е акредитирана од потписничка на ILAC arrangement
и истите се достапни на клиентите.

Критериуми за прифаќање на CMC се:
1.    Резултати од клучни и дополнителни интеркомпарации
2.    Документирани резултати други компарации вклучително и билатерални
3.    Познавање на техничките активности од други Национални Метролошки Институти, вклучувајки и публикации
4.    Извештаи од извршени оценки на калибрационата лабораторија од страна на технички експерти на физичката величина која е предмет на оценка
5.    Ативно учество во проекти во рамките на Регионалната метролошка организација (EURAMET)
6.    Останати познавања и практични искуства

Резултатите од клучни и дополнителни интеркомпарации се идеален доказ за потврда на калибрационите способности на Калибрационите лаборатории и тоа е патот кој го одбра лабораторијата при Бирото за метрологија. Во периодот од 2009 до денес лабораторијата за зафатнина и проток зеде учество во следните EURAMET проекти:

1.    ЕURAМЕТ project No 1046 – Inter-comparison of electromagnetic flow-meters
2.    ЕURAMET project No 1162 – Intercomparison of Water Meter Reference Standard
3.    EURAMET project No1079 – Volumetric and gravimetric calibration of a 20 L proving tank
4.    EURAMET project No 1157 – Inter-comparison of 1000 L proving tank
5.    ЕURАМЕТ project No 1159 – Volume calibration of a 100 microliter micropipette.

Интра – регионалниот процес на ревизија на CMC табелата на Бирото за метрологија на Р. Македонија се спроведува преку интерактивна веб страница www.bipm.org/JCRB
1.    Претседателот на Техничкиот комитет за проток поднесува CMC,
Само CMC подржани со целосно имплементиран систем за квалитет  согласно ISO 17025, ревидирани и одобрени од EURAMET, можно е да се поднесуваат на интра регионална ревизија и сите поднесоци мора да бидат придружувани од EURAMET guide 8
2.    По објавувањето на CMC истата се дистрибуира на останатите Регионалните метролошки организации во светот,  Претседателите на техничките комитети и JCRB
3.    По конечното одобрение BIPM  ја публикува CMC на KCDB.
 

Switch The Language
    Scroll Up

    Etiam magna arcu, ullamcorper ut pulvinar et, ornare sit amet ligula. Aliquam vitae bibendum lorem. Cras id dui lectus. Pellentesque nec felis tristique urna lacinia sollicitudin ac ac ex. Maecenas mattis faucibus condimentum. Curabitur imperdiet felis at est posuere bibendum. Sed quis nulla tellus.

    ADDRESS

    63739 street lorem ipsum City, Country

    PHONE

    +12 (0) 345 678 9

    EMAIL

    info@company.com