Интеркомпарација на електрични величини
Успешно е завршена интеркомпарацијата во склоп на проектот “IPA 2011 Quality Infrastructure – Western Balkans and Turkey” за областа „РТ 5 – електрични величини“ во која лабораторијата за AC/DC ниска фреквенција при Бирото за метрологија е пилот лабораторија. Во РТ 5 групата уште учествуваат и Националните Метролошки Лаборатории од Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија, Косово и Хрватска како и Лабораторијата за тестирање и калибрација при Институтот за електротехника од Србија. Споредбата се оствари со дигитален мултиметар со 8.5 дигити и ги опфати сите пет величини: еднонасочен напон, наизменичен напон, еднонасочна струја, наизменична струја и отпорност. Резултатите од интеркомпарацијате се дадени во конечниот извештај.