Соопштение
Врз основа на член 6 и член 40 од Законот за метрологијата („Службен весник на Република Македонија“ бр.55/2002, 84/2007, 120/2009, 136/2011 и 06/2012) овластени работници на Бирото за метрологија за вршење на надзор во периодот од 02.11.2013 до 03.11.2013 извршија надзор на справи за течни горива на седум бензински станици во регионот на северозападна Македонија. При вршење на надзорот не се констатирани неправилности на инспектираните бензински станици.