ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ЗАКОНСКАТА РЕГУЛАТИВА ЗА МЕРИЛА ЗА МЕ
На 23 Мај 2013 година во просториите на Хотел-ресторан КАМНИК – Скопје, се одржа “Презентација на законската регулатива и мерилата за мерење на шеќерност на грозје, шира и вино“. Презентацијата беше организирана од страна на Maselli Misure S.p.A, Parma, Италија со цел запознавање на винарските визби, преработувачите и откупувачите на винско грозје, со иструментите и уредите за мерење на шеќерност во грозје и шира.
На презентацијата присуствуваше и претставник од Бирото за метрологија со цел запознавање со законската регулатива, како и постапките за оцена на сообразност на тип на мерило, упис во Регистарот на мерила, како и категории и видови на мерила за кои е задолжителна верификацијата.