Апликација за CMC Маса
Лабораторијата за калибрација на маса, при Министерство за економија-Биро за метрологија-Скопје, во месец Февруари испрати апликација до EURAMET и дата базата на BIPM (KCDB BIPM) за впишување на најдобрата калибрациона мерна можност (CMC) на лабораторијата, како резултат на долгогодишното истражување и извршени мерења во областа на калибрација на тегови и учества во Меѓународни меѓулабораториски споредувања со лаборатории за калибрација на маса од Национални метролошки институти (NMI), веќе докажани на тоа поле.
Најдобрите калибрациони мерни можности на лабораторијата се однесуваат на калибрација на тегови во опсег од 1mg до 20kg, E2 класа на точност.