ПОСЕТА НА БИМ, БУГАРИЈА
Во период од 17 до 19.12.2012 година, по покана на директорот на Бугарскиот институт за метрологија г-ѓа Димка Иванова, претставници од Бирото за метрологија на Република Македонија, предводени од директорот м-р Димитар Парнарџиев, остварија работна посета на овој институт.
Целта на посетата со беше запознавање на лабораториските капацитети на Бугарскиот институт за метрологија, зајакнување на соработката меѓу двете институции од аспект на организирање на меѓулабораториски споредби, користење на лабораториските капацитети за спроведување на оцена на сообразност на тип на мерила, како и можноста за организирање напредни обуки на вработените во Бирото за метрологија. Сите овие активности беа дискутирани во насока на исполнување на Меморандум за соработка помеѓу двете институции, кој беше потпишан во 2009 година.