47-ма седница на CIML во рамки на OIML
Во периодот од 1-ви до 5-ти Октомври 2012, во Букурешт, Романија се одржува 47та седница на Меѓународниот комитет на законска метрологија (CIML), во рамки на Меѓународната Организација за законска метрологија (OIML).
На седницата на CIML учествуваат и претставници од Бирото за метрологија предводени од директорот г-н Димитар Парнарџиев.
На состанокот ќе се разгледуваат стратешки прашања идентификувани од работата на оваа организација. Во рамки на оваа седница ќе се одржи и 14-та меѓународна конференција за законска метрологија.