Menu

ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО ФЕДЕРАЛНАТА АГЕНЦИЈА ЗА МЕТРОЛОГИЈА НА РУСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА

23/05/2014 by

Денес, 23.05.2014 година, Директорот на Бирото за метрологија, м-р Димитар Парнарџиев и Федор Б. Владиленович, Заменик директор на Федералната Агенција за Техничко Законодавство и Метрологија (Rosstandart), во Москва, Руска Федерација свечено потпишаа Меморандум за разбирање и соработка во област на метрологијата. На потпишувањето на Меморандумот присуствуваа и претставници од Амбасадата на Република Македонија во Русија.

Главните области предвидени со Меморандумот за разбирање и соработка што денес беше потпишан, се унапредувањето на соработката во размена на знаења, учество во научно-истражувачки проекти, трансфер на знаење преку организација на обуки на вработените и учество на семинари, како и развој и воведување на нови методи и мерни техники во секојдневната работа.

Бирото за метрологија на Република Македонија и Федералната Агенција за Техничко Законодавство и Метрологија на Русија имаат водечка улога во област на метрологијата во рамки на своите држави и како такви имаат за цел обезбедување на униформност во мерењата како на национални, така и на меѓународно ниво, како и креирање на политики и хармонизација на легислативата од област на метрологијата.

Меморандумот претставува рамка, односно ја дефинира веќе иницираната соработка со Федералната Агенција за Техничко Законодавство и Метрологија со цел македонските метролози да имаат пристап до врвна обука, како и стручните лица од Русија да можат да го пренесат своето знаење и искуство, со можност за научна надградба што ги нуди оваа врвна институција.

Меморандумот посебно ќе се фокусира на унапредување, развој на потенцијалите и размена на искуства како во законската метрологија, така и во научно-истражувачката работа на Бирото за метрологија која е во својот зачеток.

Во рамки на потпишувањето на Меморандумот беше реализирана работна посета на Националниот метролошки институт на Русија (VNIIMS) оформен во рамки на Федералната Агенција за Техничко Законодавство и Метрологија. При работната посета на VNIIMS беше остварена средба со Директорот на институтот проф. д-р Сергеј Кононогов, заменик на директорот проф. д-р Лев Исајев, како и лицето одговорно за меѓународна соработка г-н Сергеј Комисаров. VNIIMS еврвна научно истражувачка институција во светски рамки, чија што главна дејност е истражување и креирање на политики за постигнување на униформност на мерењата на меѓународно ниво. Воедно, VNIIMS е институција која е што е одговорна за имплементација на законската регулатива во област на метрологијата.

Исто така, реализирана е и работна посета на Рускиот научен Институт за истражување на физичко-технички мерења (VNIIFTRI) чија што главна дејност е реализација на мерни еталони за повеќе области на мерење и дисеминација на мерните единици на национално ниво, како и остарување на следливост во мерењата на меѓународно ниво.

{gallery}stories/galerii/2014.05.23,limit=0,random=1,width=200,height=150,gap_h=15,gap_v=15,displayarticle=0,caption=0,image_info=0{/gallery}

Switch The Language
    Scroll Up

    Etiam magna arcu, ullamcorper ut pulvinar et, ornare sit amet ligula. Aliquam vitae bibendum lorem. Cras id dui lectus. Pellentesque nec felis tristique urna lacinia sollicitudin ac ac ex. Maecenas mattis faucibus condimentum. Curabitur imperdiet felis at est posuere bibendum. Sed quis nulla tellus.

    ADDRESS

    63739 street lorem ipsum City, Country

    PHONE

    +12 (0) 345 678 9

    EMAIL

    info@company.com