Посета на лабораторијата за испитување на броила во склоп на Македонскиот институт за квалитет
На 28.07.2014 година Директорот на Бирото за метрологија оствари посета во МИК-Македонскиот институт за квалитет, Акредитирана Лабораторија за инспекциско тело за припрема на електрични броила за верификација согласно ИСО 17020, а со цел да се утврдат нивните капацитети во поглед на нивната опременост и компетентност за спроведување на постапките за испитување на исправност на броила за електрична енергија по барање на потрошувачите, судот или надлежните инспекциски органи.