Лабораториите за калибрација во Бирото за метрологија се доверливи во резултатите за мерење!
На 17 и 18 октомври, од страна на Националното тело за акредитација (ИАРСМ) беше извршена реакредитација на лабораториите за калибрација. Тимот за оценка го соочинуваа: Владимир Јаневски од Институтот за акредитација на РСМ во улога на водечки оценувач и проф.д-р Давор Звиздиќ претседател на техничкиот комитет за квалитет на Еурамет, во улога на технички оценувач за температура, релативна влага и притисок. По завршеното оценување, од страна на тимот беше потврден системот за управување со квалитет и довербата во резултатите од мерењата , кои ги даваат лабораториите за калибрација на БоМ.