Денес успешно го завршивме тридневниот годишен состанок на Бордот на директори од работната група на ЕУРАМЕТ, чиј домаќин беше Бирото за метрологија на РСМ. Имавме плодна средба со активно учество на сите учесници кои беа физички присутни од Германија, Литванија, Естонија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Молдавија, Обединетото Кралство, Ирска, Португалија, Финска, Хрватска, Чешка, Црна Гора но и со онлајн поврзување се вклучија и многу претставници на метролошки институти од други европски земји.
Градењето на капацитетите на метролошките институти останува еден од приоритетите како за другите институти, така и за Бирото за метрологија на Република Северна Македонија!