На 13-ти и 14-ти јуни, во Торино, Италија, се одржува годишен состанок на партнерите-учесници во EMPIR проектот за десеминација на килограм единица маса. Домаќин на состанокот е Метролошкиот институт на Италија (INRIM), а на состанокот присуствуваат 11 земји-преставници на Метролошките институти, полноправни членки на EURAMET.
Бирото за метрологија е претставувано од Директорот Авдуљ-Селам Селами и вработените во лабораторијата за маса. Со оглед на фактот дека проектот е веќе во финална фаза, која треба да заврши до крајот на годината, во овие два дена партнерите треба да ги сумираат резултатите од проектните задачи и да договорат рокови за испорачување на резултати за техничките извештаи, кои треба да се достават до комитетите на EMPIR и EURAMET.