ЕУРАМЕТ Технички Комитет за проток 18-20.04.2023
Претставници на Бирото за метрологија во период од 18-20.04.2023 година беа учесници на триесет и четвртиот ЕУРАМЕТ Технички комитет за проток (EURAMET TC – Flow Meeting 2023), кој оваа година се одржа во Љубљана, Република Словенија во организација на Националниот метролошки институт на Словенија (МИРС).
На средбата беа присутни околу 55 учесници, претставници од Национални метролошки институти и именувани институти од повеќе европски земји. Беа презентирани тековни проекти, добиени резултати и проблеми, меѓулабораториски споредби од областа на волумен на течности, проток на течности, проток на гас и брзина на струење на флуиди, преземање на следни активности и проекти со тематски приоритети на индустриски иновации, здравје, енергија/зелена енергија и дигитална трансформација, како и презентирање на следниот домаќин на ЕУРАМЕТ Технички Комитет – Проток 2024 година во Кајани, Финска, во организација на Националниот метролошки институт на Финска.