Во период од 06-09 февруари 2023 год. во Брисел се одржува билатерален скрининг на Република Северна Македонија и Европската Комисија, за поглавје 1: Слободно движење на стоки, поглавје во кое Бирото за метрологија учествува со два Закона: Закон за метрологија и Закон за возила.
Предмет на скринингот е имплементација на 5 ЕУ Директиви од метрологија (Директива за мерни единици, пакувани производи, мерни шишиња, неавтоматски ваги и мерни инструменти) и 3 ЕУ Директиви за возила (Директива за одобрување на моторни возила, трактори и тракторски приколки и возила со две и три тркала), во подзаконски акти и начинот на примена на истите во Република Северна Македонија.
Делегацијата од Бирото за метрологија, предводена од Директорката Мерита Мустафаи успешно ја презентира својата повеќегодишна работа пред членовите на Европската Комисија и доби потврда дека развојот на метрологијата оди во вистински правец и во духот на Европа.