27-ма Генерална конференција за тегови и мерки во Франција
Во период од 15-19.11.2022 година, во Версај, Париз, се одржа дваесет и седмата Генерална конференција на тегови и мерки (CGPM), во рамките на активностите на Меѓународната организација на тегови и мерки (BIPM).
Генералната конференција се одржува во Версај, Париз, на свикување на Меѓународната организација, еднаш во четири години. Нејзината мисија е да дискутира и да поттикне мерки, неопходни за ширење и подобрување на метричкиот систем, како и да одобри нови основни метролошки определби, кои би можеле да се направат во интервалот помеѓу состаноците.
Одлуките, кои се носат на оваа конференција, се носат со гласање на преставниците на државите, односно секоја држава има право на еден глас. Полноправните членови на Меѓународниот комитет се делегати на нивните влади.
Меѓународната организација на тегови и мерки работи под ексклузивна дирекција и надзор на Меѓународниот комитет за тегови и мерки, кој се состои од делегати на сите договорни влади“.
Министерство за економија-Биро за метрологија го преставуваа Мерита Мустафаи, Директор на БМ и Бианка М. Стоилковска, менаџер за квалитет.