На 22.11.2022 год. во просториите на Бирото за метрологија, Директорката на Бирото за метрологија, Мерита Мустафаи и Директорката на Државниот пазарен инспекторат, Анета Симеска Димоска, потпишаа Договор за соработка – Договор за уредување на меѓусебните односи за начинот на користење на лабораторијата за тестирање на квалитет на мазут, за потребите на Државниот пазарен инспекторат, кога врши контрола на овој дериват.
Бирото за метрологија, како оператор на лабораторијата за тестирање на квалитет на течни горива располага со модерна, автоматска опрема за тестирање на 10 параметри на мазутот:
1
|
МКС EN ISO 12185:2009
|
Нафта и нафтени производи – Определување густина – Осцилирачка метода со U – цевка
|
Мазут
|
2
|
МКС EN ISO 3405:2013
|
Нафта и нафтени производи – Определување на дестилационите карактеристики на атмосферски притисок
|
Мазут
|
3
|
МКС EN ISO 3104:2020
|
Нафтени производи – Проѕирни и непроѕирни течности -Одредување на кинематичка вискозност и пресметување на динамичка вискозност
|
Мазут
|
4
|
МКС EN ISO 10370:2016
|
Нафтени производи –Определување на коксен остаток-Микро метода
|
Мазут
|
5
|
МКС EN ISO 6245:2008
|
Нафтени производи – Определување пепел
|
Мазут
|
6
|
МКС EN ISO 8754:2008
|
Нафтени производи – Определување на содржината на сулфур – Енергетски дисперзивна рендгенска флуоросцентна спектрометрија
|
Мазут
|
7
|
МКС EN ISO 3016:2019
|
Нафтени и сродни производи од природни и синтетички извори – Одредување на точката на течење
|
Мазут
|
8
|
МКС ISO 3734:2007
|
Производи од нафта-Определување на вода и седименти во остаточните масла за горење-Метода со центрифугирање
|
Мазут
|
9
|
МКС EN ISO 3170:2006
|
Нафтени течности-Рачно земање на примероци
|
Мазут
|
10
|
МКС EN 14275:2015
|
Автомобилски горива – Оцена на квалитетот на бензинското и дизел гориво – Земање примероци од уреди за гориво во малопродажба и од уреди за издавање на гориво од комерцијални места
|
Бензин, Дизел, Мазут
|
Државниот пазарен инспекторат, заради спроведување на законите и подзаконски акти врз основа на кои е надлежен да спроведува инспекциски надзор на квалитетот на течните горива во постапката на вршење на инспекциски надзор, согласно овој Договор, ќе ја користи лабораторијата за тестирање на квалитет на течни горива на Бирото за метрологија.