Лабораторијата за маса од јануари, 2012 год. има запишано калибрациони и мерни можности (CMC`s) во дата базата на BIPM (KCDB BIPM) за калибрација на тегови во опсег 1mg–20kg, и издава сертификати за калибрација под логото на CIPM MRA (Меѓународен аранжман за меѓусебно признавање на сертификатите за калибрација во целиот свет).
https://www.bipm.org/kcdb/cmc. Во истиот тој опсег врши и калибрација на неавтоматски ваги, со класа на точност од I, II и III.
Основна цел на лабораторијата е чување и одржување на следливоста на референтните еталони (тегови) на меѓународно ниво, преку нивна директна компарација со еталони за маса од други признати метролошки институти и лаборатории, следливи со меѓународниот прототип за килограм во Меѓународното Биро за мери и тегови (Bureau International des Poids et Mesures), што се наоѓа во Париз, Франција.
Остварувањето на SI единицата за маса, како физичка макроскопска величина е многу тешко и поради тоа, националниот еталон за маса е остварен на ниво на референтен еталон, за кој е потребно обезбедување на следливост.
Признавањето на национален еталон за маса од E1 класа (Решение бр. 0302-2054/4, од 22.06.2009), претставува основа за понатамошен развој и подобро дефинирање на националниот еталон од повисока класа.
Лабораторијата за маса учествувала во низа меѓународни меѓулабораториски споредби и EURAMET проекти, преку кои постојано ја потврдува и подобрува својата мерна можност.
Со учество во EMPIR проектот за десеминацијата на килограмот (разделување и умножување), лабораторијата во иднина ќе обезбеди поекономичен пренос на SI мерната единица за маса (само еден еталон) и следливост на еталоните на сите национални метролошки лаборатории, кои зависат од SI единицата за маса (притисок, густина, волумен, проток).
Со калибрација на мерната опрема на лабораториите за тестирање и другите метролошки лаборатории и со издавање на сертификати за калибрација, лабораторијата за маса дава и ја одржува мерната следливост на сите еталони од пониска класа во државата и во регионот.
Одговорно лице во лабораторијата:
Д-р Бианка Мангутова-Стоилковска
контакт тел: 2403-676 локал: 124
моб. тел: +389 75 45 60 96
Etiam magna arcu, ullamcorper ut pulvinar et, ornare sit amet ligula. Aliquam vitae bibendum lorem. Cras id dui lectus. Pellentesque nec felis tristique urna lacinia sollicitudin ac ac ex. Maecenas mattis faucibus condimentum. Curabitur imperdiet felis at est posuere bibendum. Sed quis nulla tellus.
63739 street lorem ipsum City, Country
+12 (0) 345 678 9
info@company.com