Учество во спроведување на активност на садење на садници 26.12.2018 год.
Според заклучокот на 109-тата седница на Владата на Република Македонија изнесен во Извадок од Нацрт-записникот, одржана на 14.12.2018 година, Точка 3: Прашања и предлози, каде се задолжуваат министерствата и органите во нивен состав, во текот на декември 2018 година и јануари и февруари 2019 година, да спроведат најмалку по една акција за борба против аерозагадувањето и заштита на животната средина и тоа да го направат во координација со Министерство за животна средина и просторно планирање, локалните самоуправи и граѓанските организации, а за акцијата што ќе ја спроведат соодветно да ја информираат јавноста;
Ве информираме дека Бирото за метрологија во координација и организација на Општина Аеродром, зеде учество во спроведување на активност на садење на садници во своја непосредна околина (пред Базаро Аеродром).