20-ти МАЈ – СВЕТСКИ ДЕН НА МЕТРОЛОГИЈАТА
Светскиот ден на метрологијата го слави потпишувањето на Метарската Конвенција во која членува и Република Македонија преку Бирото за метрологија. Конвенцијата ја постави рамката за глобална соработка помеѓу науката за мерење и нејзините индустриски, комерцијални и општествени апликации.
Главната цел на Метарската Конвенција е единството на мерењето во светот, а тоа останува важно и денес, исто како и пред 138 години.
Оваа година, Светскиот ден на метрологијата се прославува по мотото “Мерења во секојдневниот живот” – широка тема која се однесува на сите во мноштво ситуации.
Запрете за момент и помислете за еден обичен ден, можеби на вчерашниот. Колку пати сте направиле нешто за кое што е потребно мерење? Дали погледнавте на вашиот часовник (измеривте време), купувавте ли храна (меревте маса), полневте во вашиот автомобил гориво (меревте зафатнина) или го меревте вашиот крвен притисок (меревте притисок)? Постојат многу аспекти за употребата на овие мерења. Ние донесуваме одлуки врз основа на резултатите од тие мерења. Цената на голем дел од она што го купуваме или плаќаме се пресметува врз основа на она што се мери – електрична енергија, вода, храна, гориво….
Бирото за метрологија е Национална метролошка институција, одговорна за извршување на задачи кои се однесуваат на одржување на системот за законски мерни единици, развој, остварување на национални мерни еталони, обезбедување метролошка следливост на мерењата, калибрација и верификација на мерила, како и ред други задачи од област на метрологијата.