Menu

20 МАЈ – СВЕТСКИ ДЕН НА МЕТРОЛОГИЈАТА

20/05/2010 by

Светскиот ден на метрологијата го слави потпишувањето на Метарската Конвенција во која членува и Република Македонија преку Бирото за метрологија. Конвенцијата ја постави рамката за глобална соработка помеѓу науката за мерење и нејзините индустриски, комерцијални и општествени апликации.

                                     20 maj 2012

Главната цел на Метарската Конвенција е единството на мерењето во светот, а тоа останува важно и денес, исто како и пред 137 години.

Оваа година Светскиот Ден на метрологијата се празнува под мотото “Метрологија за безбедност“, како одраз на важноста на добивање доверба во резултатите од мерењето, а со цел безбедност, без разлика дали е тоа на работа, на одмор или забава.
Исто како и “метрологијата”, терминот “Безбедност” покрива многу широк спектар на теми, за кои што многу луѓе не се свесни за суштествената улога на метрологијата во исполнување на истите .
Примената на метрологијата во Република Македонија има долга традиција. Носител на метролошкиот систем во нашата земја е Бирото за метрологија, орган во состав на Министерството за економија.
Бирото за метрологија е Национална метролошка институција, одговорна за извршување на задачи кои се однесуваат на одржување на системот за законски мерни единици, развој, остварување на национални мерни еталони, обезбедување метролошка следливост на мерењата, калибрација и верификација на мерила, како и ред други задачи од област на метрологијата.

Switch The Language
    Scroll Up

    Etiam magna arcu, ullamcorper ut pulvinar et, ornare sit amet ligula. Aliquam vitae bibendum lorem. Cras id dui lectus. Pellentesque nec felis tristique urna lacinia sollicitudin ac ac ex. Maecenas mattis faucibus condimentum. Curabitur imperdiet felis at est posuere bibendum. Sed quis nulla tellus.

    ADDRESS

    63739 street lorem ipsum City, Country

    PHONE

    +12 (0) 345 678 9

    EMAIL

    info@company.com