Menu

20 МАЈ 2021 Година – СВЕТСКИ ДЕН НА МЕТРОЛОГИЈАТА

20/05/2021 by

20 Мај – Светскиот ден на метрологијата е годишен настан со кој се одбележува влијанието на мерењето врз нашите секојдневни животи. Овој датум е избран во знак на потпишување на Метарската Конвенцијата на 20 мај 1875 година, што претставува и почеток на официјална меѓународна соработка во област на метрологијата. Овој договор претставува основа за воспоставување на кохерентен систем за мерење, кој ги поддржува научните откритија и иновации, индустриско производство и меѓународна трговија, и претставува основа за подобрување на квалитетот на животот и заштитата на глобалното опкружување.

Светскиот ден на метрологијата го признава и слави придонесот на сите луѓе кои работат во меѓувладини и национални метролошки организации и институти во текот на целата година.

Темата за Светскиот ден на метрологијата за 2021 година е МЕРЕЊАTA ЗА ЗДРАВЈЕТО. Оваа тема е избрана со цел да се подигне свеста за важноста за точните мерења и нивната улога во сочувањето и подобрувањето на здравјето, особено во последниов период на соочување со COVID19 во глобални размери, овозмозување на медицинска опрема која ги исполнува стандардите и правилата за безбеден и точен третман, сите со цел да се исполнат очекувањата за квалитетен третман на пациентот.

Низ целиот свет, Националните Институти за Метрологија постојано ја унапредуваат науката за мерење преку развивање и валидирање на нови техники за мерење на потребното ниво на софистицираност. Националните институти за метрологија учествуваат во меѓулабораториски споредби координирани од Меѓународното Биро за тегови и мери (BIPM), со цел да обезбедат сигурност на мерните резултати ширум светот.

Меѓународната организација за законска метрологија (OIML) постојано развива меѓународни препораки, кои имаат за цел да усогласување на барањата кои треба да ги исполнуваат мерилата во насока на олеснување на глобалната трговија и меѓународно прифаќање на сертификацијата и одобрението на мерилата.

Бирото за метрологија е Национална метролошка институција, одговорна за извршување на задачи кои се однесуваат на одржување на системот за законски мерни единици, развој, остварување на национални мерни еталони, обезбедување метролошка следливост на мерењата, калибрација и верификација на мерила, како и ред други задачи од област на метрологијата.

Switch The Language
    Scroll Up

    Etiam magna arcu, ullamcorper ut pulvinar et, ornare sit amet ligula. Aliquam vitae bibendum lorem. Cras id dui lectus. Pellentesque nec felis tristique urna lacinia sollicitudin ac ac ex. Maecenas mattis faucibus condimentum. Curabitur imperdiet felis at est posuere bibendum. Sed quis nulla tellus.

    ADDRESS

    63739 street lorem ipsum City, Country

    PHONE

    +12 (0) 345 678 9

    EMAIL

    info@company.com