20 МАЈ – СВЕТСКИ ДЕН НА МЕТРОЛОГИЈАТА
20 Мај – Светскиот ден на метрологијата е годишен настан со кој се одбележува влијанието на мерењето врз нашите секојдневни животи. Овој датум е избран во знак на потпишување на Метарската Конвенцијата на 20 мај 1875 година, што претставува и почеток на официјална меѓународна соработка во област на метрологијата. Овој договор претставува основа за воспоставување на кохерентен систем за мерење, кој ги поддржува научните откритија и иновации, индустриско производство и меѓународна трговија, и претставува основа за подобрување на квалитетот на животот и заштитата на глобалното опкружување.
Светскиот ден на метрологијата го признава и слави придонесот на сите луѓе кои работат во меѓувладини и национални метролошки организации и институти во текот на целата година.
Темата за Светскиот ден на метрологијата за 2020 година е МЕРЕЊАTA ЗА ГЛОБАЛНАТА ТРГОВИЈА. Оваа тема е избрана со цел да се подигне свесноста за важноста од точни мерења и нивната улога во олеснување на глобалната трговија, овозможување на производите да ги исполнуваат стандардите и прописите, се со цел да се исполнат очекувањата за квалитет на клиентот.
Низ целиот свет, Националните Институти за Метрологија постојано ја унапредуваат науката за мерење преку развивање и валидирање на нови техники за мерење на потребното ниво на софистицираност. Националните институти за метрологија учествуваат во меѓулабораториски споредби координирани од Меѓународното Биро за тегови и мери (BIPM), со цел да обезбедат сигурност на мерните резултати ширум светот.
Меѓународната организација за законска метрологија (OIML) постојано развива меѓународни препораки, кои имаат за цел да усогласување на барањата кои треба да ги исполнуваат мерилата во насока на олеснување на глобалната трговија и меѓународно прифаќање на сертификацијата и одобрението на мерилата.
Бирото за метрологија е Национална метролошка институција, одговорна за извршување на задачи кои се однесуваат на одржување на системот за законски мерни единици, развој, остварување на национални мерни еталони, обезбедување метролошка следливост на мерењата, калибрација и верификација на мерила, како и ред други задачи од област на метрологијата.