ФОРУМ ЕЛЕКТРОБУС
Директорот на Бирото за метрологија, г-дин Седад Рушани и дел од вработените во Одделението за хомологација присуствуваа на Форумот „Електробус“ на Машински факултет: Електричните автобуси се клучни за подобрување на квалитетот на воздухот. Форумот се одржа на ден 21.02.2025 година.
Беше презентиран целосно електричен автобус IK E120 производ на Унгарската компанија IKARUS. На овој форум присуствуваа и преставници од компанијата IKARUS кои ги презентираа техничките особини на овој автобус како можно идно решение на сообраќајниот хаос не само во Скопје, туку и во други големи градови во светот, а кој воедно треба и да допринесе до помало загадување.
Автобусот е со должина од 12,9m, a капацитетот на батеријата е до 350km при едно полнење. Вкупен капацитет на патници е 111, од кои 35 се за седење.
Настанот беше поддржан со презентации и од Министерството за животна средина и просторно планирање и Асоцијацијата Електромобилност, кои активно работат на промоција на чисти технологии.