Во Брисел- Директорот на Бирото за метрологија заедно со вработените од лабораторијата за маса присуствуваат на Годишен состанок на Еурамет техничкиот комитет за маса и сродни величини, кој се одржува во Белгискиот национален метролошки институт.
Во рамките на овој технички комитет ќе се одржи и состанок на партнерите од ЕМПИР проектот за десеминација на единица маса од 1 kg.
На состаноците ќе бидат презентирани активностите од проектот, меѓу кои и Бирото за метрологија, кое работеше изминативе неколку месеци на изготвување на стратешки документ за лабораторијата за маса и интеркомпарации за споредување на калибрационите мерни можности на БоМ со другите партнери.
Крајната цел ќе биде подигнување на нивото на калибрација на тегови за класа E1.